мини|Џебен нож Нож (множина: ножеви) — рачно орудие со изострени рабови. Некои типови на ножеви се користат како прибор, како прибор за јадење се поставуваат на трпеза, или како кујнски прибор (пример: нож за сечење леб, отворач). Многу видови се користат како алатка, на пример нож кој го користат војниците, џебен нож кој го користат туристите и ловечки нож кој го користат ловците. Ножевите исто така се употребуваат и за традиционални и верски цели, како ножот кирпан, а може да се користат и за војна и спортска намена. Некои типови на ножеви се користат дури и во земјоделството, односно во собирањето на храна (пример, срп, коса), а се комбинираат и жетварски ножеви.
Ножевите се алатки кои се користеле најмалку пред два и пол милиони години, како што е потврдено со олдуванските алатки. Првично се изработени од камен, коска и опсидијан, а со развојот на технологијата се произведувале од бронза, бакар, железо, челик, керамика и титан. Неколку култури имаат измислено нивни верзии на ножеви. Поради својата улога како прва алатка на човештвото, некои култури имаат додадено и духовно и религиозно значење на ножот.
Повеќето денешни модели на ножеви го следат стилот на фиксно сечило и на преклоп, а моделот и стилот на изработка варираат во зависност од произведувачот и земји на потекло.
Острица Острицата на ножот може да биде произведена од разни видови материјали. Јаглеродниот челик може да биде многу остар. Острицата останува остра по подолго време и лесно може да се наостри повторно, но со време може да се појават `рѓа и флеки. Не’рѓосувачкиот челик не е многу остар како јаглеродниот челик, но е отпорен на `рѓосување. Високојаглеродниот челик е комбинација на најдобрите квалитети од претходните два вида челик. Острицата од овој вид челик не ја менува бојата и останува остар подолго време. Ножевите од ламинат се произведуваат од повеќе видови метали. Сепак острицата е подложна на корозија.
Ножот како тема во уметноста и во популарната култура „Чудотворниот нож“ (српски: Чудотворни нож) — српска народна приказна.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 181-183. „Нож“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 34. „Човекот со нож во грбот“ — краток расказ на македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски од 2019 година.Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 113-114. „Нож“ (шпански: Puñal) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 24. „Нож“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 286. „Нож“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 533. „Кинџал“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 67-68. „Ножето на професорот и возовите“ — песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 209-213. „Ножето на професорот“ (полски: Nożyk profesora) — поетска збирка на Тадеуш Ружевич од 2001 година.Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 4. „Кишовиот нож“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 468-469. „Нож“ (англиски: Knife) — песна од истоимениот музички албум на шкотската рок-група Ацтек камера (Aztec Camera) од 1984 година.Discogs, Aztec Camera – Knife (посетена на 29.11.2021) „Мојот вреден ловечки нож“ (англиски: My Valuable Hunting Knife) — песна на американската рок-група Guided By Voices од 1995 година.Discogs, Guided By Voices – Alien Lanes (пристапено на 20.3.2023) „Нож во мојата рака“ (хрватски: Nož u mojoj ruci) — песна на хрватската рок-група Грч.Various – Rijeka-Paris-Texas (пристапено на 8.7.2023) „Извадете ги ножевите“ (англиски: Knives Out) — песна на британската рок-група Рејдиохед (Radiohead).YouTube, Radiohead - Knives Out (посетена на 12.3.2021)
Галерија
Наводи
Поврзано Прибор за јадење Виљушка Лажица
Надворешни врски
American Knife & Tool Institute Interactive knife steel database and comparison graph builder
Категорија:Прибор за јадење Категорија:Камени орудија