Гаојао () — подрачје на градот Џаоќинг во западниот дел на покраината Гуангдунг, Кина. Населението брои 753.120 жители (2010).
Name Името буквално значи „висока желба“ — поранешно име на клисурата Лингјенг на реката Си. Порано ова име го носела околната месност, а подоцна и управното седиште на подрачјето.
Географија Геојао лежи на јужниот брег на реката Си, спроти централниот дел на Џаоќинг. Обете се оддалечени околу од покраинската престолнина Гуангџоу.
Историја За време на династиите Ќин и Хан (III в. п.н.е. - III век н.е.) Гаојао бил свој округ и местото било управен центар на подрачјето. За време на династијата Суеј (VI - VII в.), управата е преместена отаде реката, во околијата Дуенџоу, и подоцна преименувана во Џаоќинг за време на династијата Сунг (X - XIII век). Гаојао продолжил да опстанува како посебен округ во состав на заповедништвото на Џаоќинг. Во 1993 г. е унапреден окружен град, а потоа во градско подрачје на Џаоќинг.
Знаменитости Гаојао има неколку знаменитости од кои се Црвениот достојнички дом, павилјонот Сјуегунг како и три различни пагоди.
Галерија
Управа Во Гаојао спаѓаат една подоколија и неколку гратчиња:
Наан (南岸街道) — подоколија Ѓинду (金渡镇) Ѓинли (金利镇) Сјенганг (蚬岗镇) Бајту (白土镇) Хуејлунг (回龙镇) Ѓаотанг (蛟塘镇) Љентанг (莲塘镇) Хуодао (活道镇) Синќао (新桥镇) Бајџу (白诸镇) Даван (大湾镇) Лубу (禄步镇) Сјаосјанг (小湘镇) Хетај (河台镇) Јуеченг(乐城镇) Шуејнан (水南镇)
Разно Гаојао е во тесна географска и културна врска со соседната околија Дуенџоу на градот Џаоќинг. Овие две градски подрачја се поврзани со два патни и еден железнички мост. Многу мештани на Гаојао денес се во дијаспората, особено во Сиднеј, Австралија.Heritage Council of NSW: Yiu Ming Temple
Наводи
, препеч. 2000.
Надворешни врски
Околиски портал на Гаојао
Категорија:Џаоќинг Категорија:Околии во Кина