Кејт Руни Мара (родена на 27 февруари 1983 г.) — американска глумица.

Мара глумела во политичката серија Куќа од карти како Зои Барнс и во серијата 24 како компјутерскиот аналитичар Шари Ротенберг. Својата прва филмска улога таа ја добила во романтичната драма Случајна авантура (1999). Таа глумела во филмовите Кршенгрб планина (2005), Ние сме Маршал (2006), На нишан (2007), Транссибирска пруга на смртта (2008), Отворен пат (2009), Виртуелна свест (2014), Фантастичната четворка (2015) и во Марсовец: Спасувачка мисија (2015). Таа исто така глумела во минисеријата Американска хорор-приказна: Куќа на убиства во 2011 година како Хајден Меклејн.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Американски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски филмски глумци