Славеј — планина во областа Дебрца, Западна Македонија, во состав на големиот масив Шара-Кораб-Дешат-Стогово-Караорман. На југ се граничи со Караорман (во потесна смисла), а на север со Бистра. Важи за дел од Караорман.
Историја За време на Втората светска војна, планината Славеј била партизанска база во состав на слободната територија Дебрца. На неа во 1943 г. се основани неколку партизански единици: одредите „Дримкол“ и „Славеј“, баталјонот „Мирче Ацев“, а во 1944 г. и Шестата македонска ударна бригада. Планината Славеј како седиште на партизаните во Втората светска војна е опеана во народната песна „Гледај ме, мило либе“.Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 133.
На Славеј Планина на 18 август се одбележува Денот на Армијата на Република Македонија, кој е денот на основањето на баталјонот „Мирче Ацев“.
Славеј Планина како мотив во уметноста „Спомен за Славеј“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 86.
Поврзано Песочанска Река Дебрца Караорман
Наводи
Надворешни врски Натпреварувачко искачување на Славеј Планина со топографска карта и профил на патеката — ПД „Макпетрол“
Категорија:Планини во Македонија Категорија:Општина Дебрца