Државни непријатели (англиски: Public Enemies) - американски филм од 2009 година, во режија на Мајкл Мен. Главните улоги ги толкуваат: Џони Деп, Кристијан Бејл, Џејсон Кларк, Џејмс Русо, Марион Котијар, Дајана Крал итн.

Содржина Дејството на филмот се одвива во 1930-тите, кога криминалот цветал во САД. Бандата на Џон Дилинџер е озлогласена по бројните грабежи на банки, а федералната полиција, ФБИ, безуспешно настојува да ги уапси членовите на бандата. Поради големите проблеми со полицијата, челниците на криминалците му наложуваат на Дилинџер малку да се смири и да отпатува некаде. Привлечен од можноста за брза заработка, тој одлучува да ограби една банка, но неговата банда паѓа во стапица. Дилинџер и неговите најблиски соработници едвај успеваат да побегнат и се кријат во една шумска куќа, но полицијата ги пронаоѓа. Сепак, тој успева да побегне и се среќава со својата сакана девојка, на која ѝ предлага да отпатуваат во Јужна Америка. Меѓутоа, полицијата ја затвора неа, по што Дилинџер оди кај една пријателка. Таа е уценета од полицијата дека ќе биде депортирана во Романија, па затоа се согласува да го предаде Дилинџер. Така, додека излегува од кино-салата, тој е убиен на тротоарот. IMDB, Public Enemies (2009) (пристапено на 10.2.2017)

Наводи

Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Филмови со Џони Деп Категорија:Филмови со Џејсон Кларк Категорија:Филмови со Дајана Крал Категорија:Филмови со Кристијан Бејл Категорија:Филмови со Марион Котијар Категорија:Филмови со Џејмс Русо Категорија:Филмови на Мајкл Мен Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Гангстерски филмови