thumb|right|250px|Црквата „Св. Ѓорѓи“ - главната манастриска црква на Полошкиот манастир Полошко — историско село во Кавадаречко Мариово, чиј атар денес е поделен на селата Бегниште (селото) и Праведник (манастирот). Селото било најпознато по Полошкиот манастир. Селото се наоѓало во источниот дел на Мариово, на десниотбрег на реката Црна.

Историја Во дарението од Константин Драгаш на манастирот Св. Пантелејмон-Росикон на Света Гора од 1370-тите, селото било вклучено во него заедно со својот манастир.Матанов, Хр. Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 33 Во XIX век Полошко бил чифлик во Рожденска нахија (Мариово) на Тиквешка Каза на Османлиското Царство. Во публикацијата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ е наведено дека во 1873 г. Подлошко (Podloschko) имало 15 домаќинства и 78 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 80 - 81. Според статистиките на бугарот Васил К’нчов од 1900 година Полошко имало 12 жители.[Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 156.] По создавањето на вештачкото Тиквешко Езеро во 1964 - 1968 година, селото целосно било потопено, од кое останал само Полошкиот манастир, до кој се стигнува само по воден пат.

Родови Полошко било македонско село, но денес иселено.

Според истражувањата од 1920-1924 во селото живееле следните македонски родови.

Доселеници: Кајчевци (1 к.), Мурувци (1 к.), Аџи-Јановци (1 к.), Ичковци (1 к.) Ваневци со Марандевци и Деловци (5 к.), Ачковци (1 к.), Цебовци (2 к.), Биндевци (3 к.) и Трпановци (1 к.) сите биле доселени во 1916 година од мегленското село Зборско.

Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ - главна манастриска црква на Полошкиот манастир;

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Полошко I — населба од доцноантичко време; Полошко II — населба од доцноантичко време; Полошки Манастир — населба од доцноантичко време;

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † †