Дарко Радуловиќ (роден на во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец на Македонија и тековен тренер. Моментално е тренер на Пелистер.

Играчка кариера Дарко Радуловиќ настапувал во дресот на Никол Ферт од 2001 до 2003 година. Со тој клуб го освоил Купот на Македонија 2002, како и Суперкупот на Македонија 2002. Во првата полусезона од сезоната 2003/04, Радуловиќ настапувал во Поло Трејд. Таму играл сè до втората полусезона кога продолжил во Карпош Соколи. Во првата полусезона од сезоната 2005/06 играл за МЗТ Аеродром, а сезоната ја завршил во Тоа Сум Јас. Следната сезона играл за МЗТ Аеродром. За сезоната 2007/08, Радуловиќ потпишал за Фени Индустри, при со кој ја освоил двојната круна. За сезоната 2008/09, Дарко ја продолжил соработката со Фени, но се преселил во МЗТ Аеродром. Во сезоната 2009/10, тој потпишал за новолигашот Вардар Осигурување, со кој бил вицепрвак во Лигата. Поради распаѓањето на Вардар Осигурување, Радуловиќ станал слободен агент и потпишал за Вардар, настапувајќи во него за време на сезоната 2010/11 и поголемиот дел од сезоната 2011/12. Во февруари 2012 година, Радуловиќ продолжил во Фени, при што бил вицепрвак во Првенството 2011/12 и Купот 2012. За сезоната 2012/13, се преселил во Кожув, со кој бил вицепрвак во домашното Првенство. Следната сезона, Радуловиќ играл во дресот на Куманово 2009, сè до март кога го напуштил клубот. Во август 2014 година, Радуловиќ по трет потпишал за Фени Индустри за сезоната 2014/15. Радуловиќ играл за Вардар во Втората лига, во втората половина од сезоната 2015/16.

Тренерска кариера Дарко Радуловиќ станал помошник тренер во Вардар за сезоната 2016/17. Во декември 2017 година, поради заминувањето на главниот тренер на Вардар, Радуловиќ застанал на функцијата главен тренер. За 2019/20, Радуловиќ останал на тренерската функција во Вардар. На крајот на јуни 2020 година, било обзнаено дека Радуловиќ и Вардар ја прекинале соработката. Неколку дена подоцна Дарко станал помошник тренер на МЗТ Аеродром. Во средината на март 2021 година, по отказот на главниот тренер Ѓорѓи Кочов, Радуловиќ станал главен тренер.

Успеси

Гостивар Куп на Македонија (1) : 2002 Суперкуп на Македонија (1) : 2002

Еуро Никел 2005 Прва македонска лига (1) : 2007/08 Куп на Македонија (1) : 2008

Признанија Eurobasket.com - втора најдобра петорка на сезоната (2012г.) Eurobasket.com - особен придонес во сезоната (2012г.)

Наводи

Надворешни врски Профил на Дарко Радуловиќ на eurobasket.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркарски тренери од Скопје