Питешт () — град во централниот дел на Романија и административен центар на округот Арџеш, во историскиот регион на Мунтенија, на автопатот А1 кој го поврзува градот со престолнината Букурешт. Областа зафаќа површина од 40.7 км2. Питешт е важен трговски и индустриски центар, во кој се наоѓаат два универзитети.

Според пописот на земјата од 2011 година, во градот живееле 155,383 лица, што го прави тринаесетти најнаселен град во Романија.

Историја

Најраните траги од живот во реонот на Питешт се од палеолитот. Од тој период биле откриени дакијски монети од 3 век п.н.е. Во 3 век била изградена тврдина за заштита на Дакија.

Првите пишани податоци за Питешт се од 1386 година.

Географија

Питешт се наоѓа на околу 120 километри западно од главниот град на земјата Букурешт. Градот се наоѓа во северниот дел на историската област Влашка, во западниот крај на нејзината подобласт Мунтенија. Поголемиот дел од градот се наоѓа на десниот западен брег на реката Арџеш.

Надморската височина на градот е околу 280 метри.

Клима

Население

Наводи

Надворешни врски

Pitești University Pitești prison at the Sighet Memorial

Категорија:Градови во Романија