Ернан Хорхе Креспо (роден на година во Флорида) — аргентински фудбалски тренер и поранешен играч, на позицијата напаѓач. Во моментов ја води екипата на Саун Пауло.
Како исклучително плоден стрелец, има постигнато преку 300 голови во 19-годишната кариера. Кариерата ја започнал во Ривер Плејт, а во 1996 година дошол во Европа во италијанската Парма. Во 2000 година го направил најскапиот трансфер, кога од Парма се преселил во Лацио за 56 милиони евра. Во сезоната 2000-2001 бил најдобар стрелец во италијанската Серија А со 26 постигнати гола. Во подоцнежните години од кариерата освоил една титула во Премиер лигата со Челси и три скудета со Интер. Во 2004 година, тој беше именуван од страна на легендарниот Пеле во ФИФА 100 најдобри фудбалери на сите времиња. Креспо никогаш не добил црвен картон во текот на неговата кариера.
За репрезентацијата на Аргентина има постигнато 35 гола и е трет стрелец на аргентинската репрезентација на вечната листа, единствено зад Габриел Батистута и Лионел Меси. Тој учествувал на три Светски првенства: во 1998, 2002 и 2006.
Биографија Во 2005 година, Креспо се оженил со романската натпреварувачка во коњички спортови Алесија Андра Роси со која имаат три деца.
Технички одлики Креспо е напаѓач со големо чувство за гол, но исто така може да биде корисен и без да постигнува голови, благодарение на својата брзина, тимскиот дух и тактичката интелегенција.
Кариера Играч Клупска кариера Својата кариера Креспо ја започнал во екипата на Ривер Плејт, а своето деби го направил за време на сезоната 1993-1994, постигнувајќи 13 гола на 25 натпревари во својата прва професионална сезона. Во 1996 година, тој му помогнал на Ривер да триумфира во Копа Либертадорес, постигнувајќи ги двата гола во реваншот на домашен терен со кој била надоместена негативата од првиот натпревар и бил победен колумбискиот Америка де Кали со вкупен резултат 2-1.
После олимписките игри во 1996 каде освоил среберен медал и бил најдобар стрелец со 6 постигнати гола, Креспо се преселил во Италија потпишувајќи за екипата на Парма. Своето деби во Серија А го направил на 20 октомври во натпревар против Перуџа, а следната недела го постигнал својот прв гол во поразот со 2-1 од Интер. Во својата сезона во Италија, Креспо постигнал 12 гола во 27 натпревари, а Парма завршила на второто место зад шампионот Јувентус. Во сезоната 1998-1999 со 28 постигнати гола во сите натпреварувања бил еден од најзаслужните играчи на Парма за освојувањето на двата трофеи: Купот на Италија и Купот на УЕФА; и во двата турнира Креспо бил стрелец и во финалните натпревари соодветно против Фјорентина (постигнал гол и во двата натпревари) и Олимпик Марсеј.
Во летото 2000 година, Лацио го купил Креспо за тогаш рекордни 56 милиони евра (16 милиони во кеш плус Матијас Алмеида и Сержо Консеисао). Тој негов трансфер денес е втор најскап трансфер во Серија А, престигнат само од неговиот сонародник Гонсало Игуаин. Дебитирал во натпреварот од Суперкупот на Италија, во кој Лацио го освоил трофејот со победата од 4-3 над Интер. Во својата прва сезона во Лацио бил најдобар стрелец во лигата со 26 постигнати гола, но ни тие не биле доволни за клубот да ја одбрани титулата од претходната сезона. Во втората сезона со бјанкочелестите Креспо имал проблеми со повреди, меѓутоа и средниот ред на клубот бил ослабен и помалку креативен по заминувањето на важни играчи од претходните сезони како Хуан Себастијан Верон и Павел Недвед, што резултирало со двојно помал број на погодоци (13) на голгетерската сметка на Креспо во споредба со минатата сезона. Во летото 2002 поради финансиски причини Лацио бил приморан да продаде неколку клучни играчи, а по заминувањето на капитенот Алесандро Неста и шпекулациите околу иднината на Креспо се интезивирале, па во последниот ден од летниот трансферен-прозорец и тој бил продаден на Интер за 26 милиони евра плус Бернардо Коради. Во дресот на Интер тој постигнал 9 гола во Лигата на шампионите, придонесувајќи за клубот да стигне до полуфиналето на турнирот. На 12 јануари 2003, претрпел повреда во првенствениот натпревар против Модена, поради која отсуствувал долго и успеал да се врати на теренот буквално на самиот крајот на сезоната.
На 26 август 2003 ја напуштил Италија по седум години и се преселил во Челси за 26 милиони евра: меѓутоа и во клубот од Англија останува само една година, бидејќи страдал од различни повреди. Во јули 2004 година, тој бил позајмен на Милан: со нив стигнал до финалето на Лигата на шампионите, и во него постигнал два гола против Ливерпул, меѓутоа тие не биле доволни за победа и освојување на пехарот. Потоа се вратил во Челси, за уште една сезона во која постигнал 10 погодоци придонесувајќи за освојувањето на Премиер лигата.
Во август 2006 година се вратил во Интер, со формула на двегодишен заем. Постигнал гол против Рома во Суперкупот на Италија додека на крајот на сезоната го освоил своето прво скудето во кариерата. Во јули 2008 година, потпишал постојанен договорот со Интер во првиот круг. Во своето второ искуство во Милано, напаѓачот освоил три последователни титули во лигата, две под водство на Роберто Манчини и една под водство на Жозе Мурињо.
На 29 мај 2009 година, претседателот на екипата на Џенова Енрико Прециози најавил дека Креспо ќе потпише договор со неговата екипа, а трансферот официјално бил потврден на 16 јули. За Грифоните Креспо постигнал седум гола, пет во Серија А и два во Лига Европа, пред да го напушти клубот уште кон крајот на јануари без да одигра ниту една целосна сезона.
На 29 јануари 2010 година се вратил во Парма, десет години подоцна откако за последен пат го носел дресот со жолта и сина боја. Во сезоната 2010-2011 Креспо најчесто бил стартер. Во Купот на Италија придонел со два гола против Фјорентина, за квалификација на неговиот клуб во четврт-финалето на турнирот. Истата сезона ја завршил како најдобар стрелец на својата екипа со 9 постигнати гола. На 30 октомври 2011, достигнал до бројката од вкупно 600 настапи за својте клубови во кариерата во натпреварот Парма - Чезена 2-0.
На 2 февруари 2012, Креспо објавил дека се повлекува од активното играње фудбал на прес-конференција по договорот кој го постигнал со екипата за тренерски планови.Parma, Hernan Crespo si ritira Calciopro.comL'addio di Crespo al calcio giocato FocusCALCIO.it Вкупно во дресот на Парма во двата периоди тој одиграл 200 натпревари и постигнал 94 гола. Исто така, до денес тој е најдобар стрелец на Парма во Серија А.
Репрезентативна кариера Креспо дебитирал за сениорската репрезентација на Аргентина на 14 февруари 1995 во пријателски натпревар против Бугарија. Тој го освои сребрениот медал на Летните олимиски игри во Атланта 1996, каде што тој бил најдобар стрелец на турнирот со шест постигнати гола колку што имал и бразилецот Бебето. Тој има учествувано на три изданија на Светските првенства во 1998 во 2002 и 2006. На Светското првенство 2006, тој постигнал три гола, што доведува до бројката од вкупно четири постигнати гола на светските првенства (1 гол постигнал во 2002).
Благодарение на двата гола кој ги постигнал против САД на Копа Америка 2007, успеал да се израмни со Диего Марадона на третото место по бројот на головите за арегентинската репрезентација со 34 гола. Во следниот натпревар против Колумбија со уште еден гол Креспо го надминал Марадона, а тој натпревар се испоставил како неговиот последен за гаучосите.
Тренер На 10 декември 2012 година, започнал да присуствува на курсот за изучување на професионални тренери Прва Категорија-УЕФА Про во Коверчано. По завршувањето на курсот, комисијата за испитување ги оценила тестовите на Креспо за особено брилијантни.
На 13 јули 2014 започнал со тренерска работа откако бил назначен за тренер на Примавера тимот на Парма кој го одвел до доброто 6-то место во првенството и покрај неуспехот на клубот во сениорска конкуренција истата година.
На 30 јуни 2015 година бил официјално претставен како нов тренер на Модена во Серија Б. На 26 март 2016 бил отпуштен по поразот на домашен терен од Каљари после кој тимот му се нашол на последното место на табелата; бил заменет од страна на Кристијано Бергоди кои не бил во можност да избегне испаѓање од лигата.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 4 ноември 2016.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1993-1994 Ривер Плејт ПД 25 13 - - - - - - - - - 25 131994-1995 ПД 18 5 - - - СС 4 2 - - - 22 71995-1996 ПД 19 6 - - - КЛ 13 10 - - - 32 16Вкупно Ривер Плејт 62 24 17 12 79 361996-1997 Парма А 27 12 КИ 1 0 - - - - - - 28 12 1997-1998 А 25 12 КИ 2 0 ЛШ 8 2 - - - 35 14 1998-1999 А 30 16 КИ 7 6 КУ 8 6 - - - 45 28 1999-2000 А 34+1Бараж за четврто место. 22+0 КИ 2 0 ЛШ+КУ 2+3 0+3 СИ 1 1 42 26 2000-2001 Лацио А 32 26 КИ 1 0 ЛШ 6 2 СИ 1 0 40 28 2001-2002 А 22 13 КИ 4 4 ЛШ 7 3 - - - 33 20Вкупно Лацио 54 39 5 4 13 5 73 48 2002-2003 Интер А 18 7 - - - ЛШ 12 9 - - - 30 16 2003-2004 Челси ПЛ 19 10 ФАКуп+ЛК 0+2 0+0 ЛШ 10 2 - - - 31 12 2004-2005 Милан А 28 11 КИ 1 1 ЛШ 10 6 СИ 1 0 40 18 2005-2006 Челси ПЛ 30 10 ФАКуп+ЛК 5+1 1+0 ЛШ 5 2 КШ 1 0 42 13Вкупно Челси 49 20 8 1 15 4 1 0 73 25 2006-2007 Интер А 30 14 КИ 5 4 ЛШ 6 1 СИ 1 1 42 20 2007-2008 А 19 4 КИ 5 2 ЛШ 5 1 СИ 0 0 29 7 2008-2009 А 14 2 КИ 3 0 - - - СИ 0 0 17 2Вкупно Интер 81 27 12 6 23 11 1 1 118 45 2009-јан. 2010 Џенова А 16 5 КИ 1 0 ЛЕ 4 2 - - - 21 7 јан.-јун. 2010 Парма А 13 1 - - - - - - - - - 13 1 2010-2011 А 29 9 КИ 2 2 - - - - - 31 11 2011-2012 А 4 0 КИ 2 2 - - - - - - 6 2Вкупно Парма 162+1 72 16 10 21 11 1 1 200 94Вкупно во кариерата 452+1 198 43 22 103 51 4 2 605 273
Репрезентативна статистика
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Аргентина199510199620199793199833199941200084200166200242200353200441200576200663200753Вкупно6435
Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварувањеИзвештај1 11/05/1997 Енио Тардини, Парма 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 3 - 0 Серија А 1996-1997 Извештај2 15/11/1998 Енио Тардини, Парма 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 4 - 1 Серија А 1998-1999 Извештај3 07/02/1999 Деле Алпи, Торино 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 2 - 4 Серија А 1998-1999 Извештај4 25/02/2001 Олимпико, Рим 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 5 - 3 Серија А 2000-2001 Извештај5 04/11/2001 Олимпико, Рим 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 5 - 0 Серија А 2001-2002 Извештај6 03/03/2002 Олимпико, Рим 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 4 - 2 Серија А 2001-2002 Извештај7 06/01/2005 Сан Сиро, Милано 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 5 - 2 Серија А 2004-2005 Извештај8 13/05/2007 Џузепе Меаца, Милано 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 4 - 3 Серија А 2006-2007 Извештај
Тренерска статистика Статистиката е ажурирана на 26 март 2016.
СезонаЕкипаПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно% Успешност Comp ОН П Н И Comp ОН П Н И Comp ОН П Н И Comp ОН П Н И ОН П Н И % 2015-2016 Модена Б 3310518 КИ 2 1 0 1 - - - - - - - - - - Вкупно во кариерата 33 10 5 18 2 1 0 1 - - - - - - - -
Титули Клупски Ривер Плејт Примера Дивисион : 2 1993 (Апертура), 1994 (Апертура) Копа Либертадорес : 1 1996
Парма Куп на Италија : 1 1998–1999 Куп на УЕФА : 1 1998–1999 Суперкуп на Италија : 1 1999
Лацио Суперкуп на Италија : 1 2000
Челси ФА Комјунити Шилд : 1 2005 Премиер лига : 1 2005–2006
Милан Суперкуп на Италија : 1 2004
Интер Серија А : 3 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009 Суперкуп на Италија : 2 2006, 2008
Репрезентативни Аргентина Панамерикански игри 1995 : 1 20px Златен медал Летни олимписки игри 1996 : 20px Сребрен медал
Наводи
Надворешни врски
Ернан Креспо на soccerway Ернан Креспо на transfermarkt Ернан Креспо на espn Ернан Креспо на goal.com
Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ривер Плејт Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери во Серија А