Фасадата ги јаде темелите: текстови за градот - збирка есеи на македонскиот писател и есеист Никола Гелевски.

Технички податоци Книгата, со обем од 105 страници и со димензии од 18 сантиметри, е објавена како седма книга во рамките на едицијата „Градот“. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната изнака ISBN 978-608-4658-09-2. Графичкото уредување и дизајнот се дело на „Кома“.Никола Гелевски, Фасадата ги јаде темелите - текстови за градот. Скопје: Темплум, март 2012. Содржина Збирката содржи 22 текстови посветени на проектот „Скопје 2014“, а кои претходно биле објавени во неделното списание „Глобус“ и на порталот „Окно“, во периодот од мај 2010 до март 2012 година. Збирката ги содржи следниве есеи: Очи на кожата Уметноста и револуцијата Дно под дното Туризам и архитектура Отворање на погледот Барокот на тасманиската пештера Краткиот и долгиот список Сакрална трансфигурација Судбината на градот Епидермалното его Сполијација Полнење на празното Деспотот-дерле Спомениците и кичот Нормани за милион франци Стаписани пред триумфалната порта Фасадата ги јаде темелите Протези за ампутирани духови Доба на периките Брод во шише: копија или симулакрум „Чиче, чиче, јас ништо не гледам!“ (СК014 како Дизниленд) Борат и Ким Џонг Ил (Пошлост и полихрезија)

Наводи

Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Дела на Никола Гелевски