Тахион или тахионска чистичка е хипотетичка честичка која секогаш се движи побрзо од светлината. Зборот доаѓа од се изговоруваtachy , и значи брзо. Бил измислен во 1967 од Џералд Фајнберг. Комплементарните видови на честичката се нарекуваат луксон (секогаш се движат со брзината на светлината) и брадион (секогаш се движат побавно од светлината), кои и едните и другите постојат. Можноста за постоењето на честички кои се движат побрзо од светлината, за првпат е предложена од страна на О. П. М. Биланиук, В. К. Дешпанде, и E. В. Г. Сударшан во 1962 година, иако терминот кој го користеле за нив бил "мета-честичка".

Повеќето физичари мислат дека честички кои се движат побрзо од светлината не може да постојат, бидејќи тие не се во согласност со познатите закони на физиката.Lisa Randall, Warped Passages: Unraveling the Mysteries of the Universe's Hidden Dimensions, p.286: "People initially thought of tachyons as particles traveling faster than the speed of light...But we now know that a tachyon indicates an instability in a theory that contains it. Regrettably, for science fiction fans, tachyons are not real physical particles that appear in nature." Ако такви честички постоеја, тие би можеле да бидат искористени за изградба на тахионски антителефон и да се испратат сигнали побрзи од светлината, со што (според специјалната релативност) би се довело до нарушување на каузалноста. Постојните потенцијални теории кои дозволуваат можни честички побрзи од светлината ги вклучуваат и оние кои ја прекршуваат Лоренцовата непроменливост, симетријата кај специјалната релативност, така што брзината на светлината не е пречка.

Наводи

Надворешни врски

The Faster Than Light (FTL) FAQ (from the Семрежен архив) Tachyon entry from the Physics FAQ

Категорија:Елементарни честички Категорија:Хипотетички честички