Снапчат (англиски: Snapchat; скратено: снап) — апликација која овозможува споделување на слики и видеа, создадена од Еван Шпигел, Боби Марфи, и Реџи Браун, додека тие биле студенти на Универзитетот во Стенфорд.

Користејќи ја апликацијата, корисниците можат да сликаат, да снимаат видеа, да додадат текст и цртежи, и да ги испратат на контролиран список на примачи. Овие испратени фотографии и видеа се познати како "снепови". Корисниците можат да определат рок на колкаво време примачите ќе можат да ги гледаат нивните снепови (заклучно со септември 2015 година, се во опсег од 1 до 10 секунди), по што Snapchat тврди дека тие ќе бидат избришани од опслужувачите на компанијата.

Според Snapchat, во мај 2015 корисниците на апликацијата испратиле преку 2 милијарди фотографии и видео клипови на ден, додека содржината на Snapchat приказните била прегледана по 500 милиони пати на ден.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Официјален блог

__ИНДЕКС__

Категорија:Сервиси за социјални мрежи Категорија:Софтвер за Android Категорија:Софтвер за iOS