Слободното скијање е дел од официјалната програма на Зимските олимписки игри од игрите во 1992 одржани во Албервил. Спортот бил показен на игрите во 1988 во Калгари, каде биле одржани дисциплините могул, акробатски скокови и ски-балет. На игрите во 1992 година, за дисциплината могул биле доделени медали, а акробатските скокови и ски-балетот останале показни дисциплини. На игрите во 1994 во Лилехамер, акробатските скокови станале официјална дисциплина за која биле доделени медали а ски-балетот бил исфрлен од програмата. На игрите во 2010 во Ванкувер, дисциплината ски-крос била додадена на олимписката програма, додека пак на игрите во 2014 во Сочи, биле додадени дисциплините полуцевка и слоупстајл.http://sports.espn.go.com/action/freeskiing/news/story?id=6273652

Александар Билодо од Канада станал првиот натпреварувач во слободно скијање кој успеал да го одбрани олимпискиот златен медал, откако тој успеал да ги освои златните медали во дисциплината могул на Зимските олимписки игри во 2010 и 2014. Во женска конкуренција, норвежанката Кари Тро се наоѓа на врвот на табелата на медали со освоени вкупно три медали, сите во дисциплината могул.

Дисциплини • = официјална дисциплина на програмата, (п) = показна дисциплина Могул за мажи (п) • • • • • • • 7 Акробатски скокови за мажи (п) (п) • • • • • • 6 Ски-крос за мажи • • 2 Полуцевка за мажи • 1 Слоупстајл за мажи • 1 Ски-балет за мажи (п) (п)             - Могул за жени (п) • • • • • • • 7 Акробатски скокови за жени (п) (п) • • • • • • 6 Ски-крос за жени • • 2 Полуцевка за жени • 1 Слоупстајл за жени • 1 Ски-балет за жени (п) (п)             - Вкупно дисциплини 6 6 4 4 4 4 6 10

Табела на медали

1 8 7 6 21 2 8 7 3 18 3 3 2 2 7 4 3 1 2 6 5 3 0 1 4 6 2 4 6 12 7 2 2 4 8 8 1 4 3 8 9 1 2 1 4 10 1 0 2 3 11 1 0 0 1 1 0 0 1 13 0 1 3 4 14 0 1 1 2 15 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 0 1 Вкупно 34 34 34 102

Број на натпреварувачи по земја Земји - - - - - - - - - - - - - - - 18 21 25 21 22 30 35 Натпреварувачи - - - - - - - - - - - - - - - 71 97 110 104 119 172 276

Наводи

Надворешни врски

Ottawa Citizen: "Moguls glossary" - Зимски олимписки игри 2010 CanWest News Service: "Ski Cross glossary" - Зимски олимписки игри 2010

Категорија:Спортови на Зимски олимписките игри