Марго Елиз Роби (родена на 2 јули 1990 г.) — австралиска глумица.

Таа ја започнала својата кариера глумејќи во австралиски независни филмови. Потоа таа добила улога во австралиската сапуница Соседи (2008–2011), која и донела две номинации за наградата Логи. По преселбата во САД, Роби добила главна улога во серијата Пан Ам (2011–2012). Во 2013 година, таа ја добила својата прва улога во игран филм, во комичната драма Прашање на време, а подоцна во годината глумела во биографскиот филм Волкот од Волстрит во режија на Мартин Скорсезе. Во 2015 година, Роби играла главна улога во филмовите Фокус, Француски апартман и З за Закарија. Во 2016, таа ќе ја глуми Харли Квин во суперхеројскиот филм Самоубиствен одред и Џејн Портер во авантурата Тарзан.

Ран живот Роби е родена во Голд Кост, Квинсленд, Австралија. Нејзината мајка, Сари Кеслер е физиотерапевт, а нејзиниот татко Мајк е поранешен фармер. Таа има постар брат Лахлан, помлад брат Камерон и постара сестра Ања. Роби и нејзините браќа и сестра биле израснати од нивната мајка. Таа има минимален контакт со нејзиниот татко. Додека растела, таа своето време го поминувала на плажа и во фармата на нејзините баба и дедо во Далби. За да сврзе крај со крај, Роби работела на три работни места на 16-годишна возраст. Таа студирала глума и дипломирала на Сомерсет колеџот во 2007 година. На 17-годишна возраст, таа се преселила во Мелбурн за да започне да глуми професионално.

Личен живот Роби живеела во Њујорк неколку години. Од мај 2014 година, таа живее во Лондон заедно со пет нејзини пријатели. Од 2014 година, Роби е во врска со британскиот асистент режисер Том Акерли, кого го запознала на снимањето на Француски апартман. Таа е навивач на Њујорк Ренџерс.

Филмографија Филм Година Наслов Улога Белешки 2008 Одмаздник Касандра 2009 I.C.U. Тристан Вотерс 2013 Прашање на време Шарлот 2013 Волкот од Волстрит Наоми Лапаљ 2015 З за Закарија Ен Бурден 2015 Фокус Џес Барет 2015 Француски апартман Селин 2016 Тарзан Џејн портер Пост продукција 2016 Павиљон на смеата Тања Пост продукција 2016 Самоубиствен одред Харли Квин Пост продукција

Телевизија Година Наслов Улога Белешки 2008 Review with Myles Barlow Кели Епизода #1.1 2008 Принцезата на слон Батерфлај Епизоди: "The Butterfly Effect" и "Butterfly Kiss" 2008 Отдел убиства Кејтлин Брентфорд Епизода: "Somersaulting Dogs" 2008–2011 Соседи Дона Фредман 311 епизода 2011–2012 Пан Ам Лаура Камерон 14 епизоди 2015 Top Gear Себеси Епизода #22.4 2015 Neighbours 30th: The Stars Reunite Себеси Документарен филм

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски глумци Категорија:Австралиски филмски глумци