Варајски јазик (Waray), варај-варај (Waray-Waray), бинисаја (Binisaya), винарајски јазик (Winaray) или самар-лејте (Samar-Leyte) — домороден јазик кој се говори Самар, Северен Самар, Источен Самар, Билиран и во североисточниот дел на островот Лејте (во околината на Таклобан) на Филипините. Името потекнува од зборот варај (што значи „ништо“ или „никој“) кој туѓинците го слушале од Варајците, исто како што Себуанците во Лејте се нарекуваат „мга кана“ (по себуанскиот збор кана, што значи „она“).
Употреба Варајскиот е еден од десетте признаени регионални јазици на Филипините и се користи во месната управа.
Сепак, печатените медиуми на овој јазик се ретки бидејќи највеќето весници во регионот се на англиски. Варајскиот е богослужбен јазик во римокатоличката црква во регионот и на истиот се издаваат библии.
Варајтскиот содржи голем број на заемки од разни јазици, прилагодени да ги пополнат лексичките празнини.
Поврзано Варајци Бајбајин Варајска книжевност Википедија на варајски јазик Јазици на Филипините
Наводи
Надворешни врски
Лекции по варајски јазик Варајски речник „Банса“ Портал на варајскиот јазик — речник, книжевна база и наставни материјали Радио Варајнон — семрежна радиостаница
Категорија:Висајски јазици Категорија:Јазици на Филипините