thumb|250px|Дело на Љубов Попова, 1920-1921, дел од колекцијата на Костаки Збирката на Костаки е уметничка колекција на дела од уметници на руската авангарда, собрани од страна на колекционерот, Џорџ Костаки. Собирањето на делата започнало во 1946 година, а содржи дела изработени од почетокот на 20 век до крајот на меѓувоениот период. Колекцијата вклучува 1.275 дела (масла, проекти, керамика и друго), со што претставува најголема збирка на руската авангарда надвор од Русија. Од страна на грчката држава овие дела се откупени во 1997 година, кога министер за култура бил Евангелос Венизелос. Државниот музеј на современа уметност е основан паралелно со преземањето на колекцијата, а еден дел од оваа колекција е постојана поставка во музејот.

Џорџ Костаки (1913 - 1990), кој работел како возач во грчката амбасада во Москва, ги откупувал делата на руските авангардни уметници.New York Times, ''George Costakis, 77, collector of Soviet Artworks. 3 Μαρτίου 1980 Се смета дека за купување се потрошени околу 40 милиони евра, а за складирање дополнителни 200.000 евра.

Наводи

Категорија:Руска авангарда