Музејот на Ататурк () — музеј кој се наоѓа во Солун, ГрцијаΜουσείο Ατατούρκ , преземено од http://www.imma.edu.gr на 9.08.2012 г..
Музејот се наоѓа во родната куќа на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк., кој е роден на ова место во 1881 година. Објектот претставува трикатна куќа со двор на улицата „Апостолос Павлос“ број 24, во непосредна близина на турскиот конзулат. Во отоманско време улица се викала „Ислахане“ и се наоѓала во населбата Коџа Касим Паша.
Куќата била изградена пред 1870 година, а во 1935 година грчката влада ја донирала на Турција. Дел од ентериерот е автентичен, но дел од мебелот бил префрлен од музејот Топкапи-сарај. Ѕидовите во еден од спратовите на објектот се исполнети со слики од Ататурк, од различни периоди од неговиот живот.
Во 1955 година, по тврдењата дека објектот бил нападнат и разрушен од грчките националисти, довело до големи антигрчки демонстрации и насилства во Истанбул, познати како Септемвриски погромHolland, Robert. "The Struggle for Mastery, 4 October 1955–9 March 1956," Britain and the Revolt in Cyprus, 1954–59, Oxford: Clarendon Press, 1998, pp. 75..
Наводи
Надворешни врски www.museumsofmacedonia.gr www.studylanguages.org
Категорија:Музеи во Солун Категорија:Мустафа Кемал Ататурк Категорија:Отоманска архитектура во Солун