ЧПП — скратеница од изразот „Често поставувани прашања“, кои од своја страна се превод на англиската скратеница FAQ и нејзиното значење Frequently Asked Question(s), кој претставува список на најчестите прашања за некоја тема и концизни одговори на тие прашања. Оваа пракса главно се користи на семрежјето.
Првично, овој поим се однесувал исклучиво на списоците со прашања и одговори кои се сретнуваат на одредена тема. Денес истиот се користи и за: еден единствен пар прашање/одговор списоци на прашања и одговори кои не се поставуваат често каков било документ кој објаснува одредена тема (упатство за употреба на апарат, анализа на текст, итн.)
Идејата за списоци со ЧПП е добро прифатена и денес има вакви списоци за сè, од физика, хемија, математика, до разни опскурни теми.
Надворешни врски
Сите долунаведени поврзници упатуваат на семрежни страници на англиски јазик.
Попис на сите ЧПП ЧПП за невронски мрежи ЧПП за мачките ЧПП за компјутерски вируси ЧПП за свирење на класична гитара
Категорија:Иницијализми Категорија:Семрежје