Алаџа-имарет или џамија „Исак-паша“ (, ) — поранешен муслимански храм кој се наоѓа во Солун, Егејска МакедонијаThe Sultan of Vezirs: The Life and Times of the Ottoman Grand Vezir Mahmud Pasha Angelović (1453-1474), Théoharis Stavrides, pagge 413, 2001. Објектот се наоѓа на улицата Касандар, североисточно од црквата „Св. Димитрија“.

На влезот има натпис кој укажува дека Аладџ имарет бил изграден во 1484 година од Исак-паша, кој бил голем везир на Мехмед II и управител на Солун во времето на Бајазит II. Името Алаџа имарет, во превод значи шарен имарет и доаѓа од обоените камења со ромбоидна форма, кои го украсувале минарето на џамијата.

Од минарето е преживеана само основата. Денес Аладџ имарет се користи за изложби.

Наводи

Надворешни врски Слики од објектот.

Категорија:Џамии во Солун Категорија:Отоманска архитектура во Солун Категорија:Отомански џамии во Грција Категорија:Исламот во Солун Категорија:Згради и градби во Солун Категорија:Поранешни џамии во Грција