Горно Дреново — село во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Горно Дреново се наоѓа на 17 километри југоисточно од Неврокоп, на 9 километри северно од општинскиот центар Грмен. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на југозападните Родопи на надморска висина од 1225 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.107 км2. На 5 километри од селото се наоѓа соседно Ковачевица и Лештен на 2 километри јужно.
Историја Османлиско Царство
Во списокот на населби и број на немуслимански домаќинства во вилаетот Неврокоп од 13 март 1660 година, селото Горно Дреново (Диранова-и бала, ) се споменува како село со 8 немуслимански семејства.
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Мелничката Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горне Дреново (Gorne-drianovo) е село со 40 семејства и 100 Помаци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 128 – 129.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 жители, сите Помаци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 273.
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Стопанство Населението на Горно Дреново се занимава со производство на тутун, собирање на диви билки, печурки, дрва, преработка на дрво.
Во селото има и канцеларија за стоматолог. Голем дел од месното население оди во гурбет во соседна Грција за да одгледува тутун.
Постојат 25 продажни места на територијата на селото кои му служат на населението. Има и вработени од селото кои работат во шумарството Беслет во селото Грмен.
Водата влегува во селото преку пет извори, кои задоволуваат 80% од потребите на населението за вода за пиење и домашна вода. Од реката Црна се прави нов слив, кој ќе биде вклучен во руралната мрежа за водоснабдување. Патот до селото е асфалтиран од селото Гармен до селата Лештен и Ковачевица. Во селото е изграден канализациски систем.
Население +Население на Горно Дреново по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 448 549 667 799 890 993 1008 1042 1009 1035
+Етнички состав на населението од 2011 година: Националност Население Процент Бугари 920 92,09% Турци 12 1,2% Роми 0 0% Останати 24 2,4% Неопределени 43 4,3% Вкупно 999 +Население по возраст од 2011 година:
Кметови Абди Низамов Абди Мехмедали Хоџа Ибраим Ајрулов Хоџов Абдураим Рамаданов Бакиев Штукри Изеров Пингов Штукри Алиев Пендев Сулејман Мурадов Османчев Емил Захариев Шарков Штукри Морадов Османчев Мехмедали Хаџиев
Општествени установи Кметство Основно училиште „Св. Паисиј Хилендарски“ Централна детска градина Пошта Читалиште Здравна служба
Природни знаменитости Во близина на селото се наоѓа античка тврдинма.Гоце Делчев – Археологически обекти и места На 1 километар северно од селот се наоѓа Градишка скала, висока 60 метри. На тоа место биле откриени римски монети. На 2 километри на северозапад од селото се наоѓа водопадот Буков дол.
Редовни настани
Од 1986 година. во селото била воведена традиција за славење на празникот на Горно Дреново. Празникот се одржува во втората недела од април. На празникот, месното население престанува да работи. На овој ден, гостите од соседните села се пречекуваат, се слуша музика од аматерски групи од селото и соседните села, се одржуваат спортски натпревари.
Надворешни врски Слики од селото
Наводи
Категорија:Општина Грмен Категорија:Села во Пиринска Македонија