Ковачевица — село во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба мини|Улица во селото мини|Црквата „Св. Никола“ мини|Училиштето „Јорџе Димитров“ мини|Куќа во селото мини|Дишланова куќа мини|Чешма во селото
Селото Ковачевица се наоѓа на 22 километри североисточно од Неврокоп и на 14 километри северно од општинскиот центар Грмен, во планинска област на Западни Родопи, и на надморска висина од 1050 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.706 км2. Селото се наоѓа над реката Канина, во чија долина се наоѓа малото обработливо земјиште и стариот пат што води кон Неврокоп и долината на реката Места. Реката е позната по изобилство на пастрмка и прекрасните водопади.
Историја Османлиско Царство Основањето на Ковачевица традиционално се поврзува со доселениците од соседното село Рибново и веројатно од Банско. За првпат селото било забележано во отоманските регистри во 15-16 век.Тулешков, Николай 2006. „Архитектурното изкуство на старите българи“ том 2. стр. 333 Во списокот на населби со регистрирани имиња на глави на домаќинства во втората половина на 15 и почетокот на 16-от век, во селото Ковачевица биле регистрирани 17 лица. Во 1791 година пристигнале 5-10 македонски семејства од селото Омотско, Слимница и Добролишта, Костурско, кои се населиле во долниот дел, наречен Арнаутска маала. Костурчани, градители по професија, го основале училиштето за архитектонско градежништво Ковачевица во 1820 година. Црквата „Св. Никола“ била изградена во 1847 година. Уште во овој период, селото претставувало значаен културен центар на целиот регион. Новата двокатна зграда на училиштето била изградена во 1888 година со донација на учителот Јорџе Димитров, во спомен на загинатите три од неговите четири деца кога турските сили му ја запалиле целата куќа. И до денес, училиштето го носи името „Јоџе Димитров“.
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско и припаѓало кон Неврокопската Каза. Во 1865 година било основано читалиштето „Светлина“. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ковачовица е село со 185 семејства и 630 Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 128 – 129. Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) навел дека во селото имало 165 македонски куќи.Верковичъ, С.И. Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи, СПб, 1889, стр. 234 – 235.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1400 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 195. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1728 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 12 Роми. Во селото работело едно егзархиско училиште со 2 учители и 37 ученици.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 112-113. Во 1908 – 1909 година селото имало 209 куќи.Извори за българската етнография, Т.3. Етнография на Македония, Съставители: Маргарита Василева и Колектив, София, 1998, стр. 78.
Во Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1923 година, во селото била основана работна шумарска кооперација „Родопи“, која има фабрика за преработка на дрва.Централен държавен архив, ф. 396 К (ВМРО), оп. 2, а.е. 35, л. 471
Население +Население на Ковачевица по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 1131 1229 1024 746 232 74 66 60 42 37
+Население по возраст од 2011 година:
Културни знаменитости Црквата „Св. Никола“, која била изградена во 1847 година денес претставува единствен културен споменик во селото. Таа е една од петте најголеми базилики во Бугарија, и е изградена според традиционалната градежна технологија и материјали за Ковачевица, цврсти камени и покрив покриен со камени плочи. Ковачевичка чешма Дишланова куќа
Личности Родени во Ковачевица Георги Апостолов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 47. Георги Балтаков, Георги Тетимов (1884 – ?), доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 703. Георги Жерев (1927 – 2003), писател во Бугарија Илија Алдев, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 15. Илија Ангелов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 28. Илија Тетимов (1885 – 1922), доброволец во Македонско-одринските доброволни чети Јорџе Димитров (1842 – 1894), македонски деец Јорџе Дичев (1862 – 1902), македонски револуционер Људмил Стојанов (1886 – 1973), писател во Бугарија Методиј Жерев (1909 – 1993), духовник во Бугарија Никола Ковачевски (1832 – 1882), македонски деец Стоил (Стојко) Бајатев (1890 – ?), доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 81. Тодор Тетимов (1850 – 1925), македонски револуционер Тома Добрев (1921 – 2004), професор во Бугарија
Починати во Ковачевица Петар Милев (1879 – 1908) — македонски револуционер Силва Зурлева (1958 – 2020) — бугарска новинарка и професор.
Поврзано Ковачевичка школа — градителска школа од селото
Наводи