Минхаузен (германски: Münchhausen) е книга од писателот А. Д. Мунд. Книгата е објавена на македонски јазик од страна на издавачкото претпријатие „Култура“ од Скопје во 1964 година, во превод на Зара Билјановска. ] Технички податоци Книгата е објавена во рамките на библиотеката „Бамби“. Таа има 144 страници и испечатена е во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје. Книгата не е каталогизирана и не го поседува меѓународниот број ISBN. Ликовното уредување на книгата е дело на Василие Поповиќ - Цицо, а техничкото уредување го извршил Христо Христовски. Јазичната редакција е дело на Евтим Манев, а коректурата ја направиле Љубинка Денкова, Елена Павлова, Душанка Јанева и Ружица Димишковска.А. Д. Мунд, Минхаузен, Скопје: Култура, 1964.
Содржина Во делото „Минхаузен“ се опишуваат неверојатните доживувања на баронот Минхаузен. Книгата се состои од 25 поглавја, и тоа: Прва вечер: Вештината не е маѓија Втора вечер: Уште неколку лова Трета вечер: Уште едно куче и два коња Четврта вечер: Доживувањата со волци, бесно куче и со одрана лисица Петта вечер: Борби со Турците Шеста вечер: Во турско ропство Седма вечер: Во Англија и на Цејлон Осма вечер: Морски чуда и чудовишта Деветта вечер: Во Цариград Десетта вечер: Облогот со султанот Единаесетта вечер: Страшното качување на планина Дванаесетта вечер: Уште неколку вистинити чуда Тринаесетта вечер: Во Северноледеното Море Четиринаесетта вечер: Во Персија Петнаесетта вечер: Чистење на месечината Шеснаесетта вечер: Кај таткото Вулкан и госпоѓата Венера Седумнаесетта вечер: Островот Таихатлибијати Осумнаесетта вечер: Железниот црв Деветнаесетта вечер: Речиси неверојатен студ во Леденото Море и во Русија Дваесетта вечер: Двајцата близнаци и излажаниот бербер Дваесет и прва вечер: Чудесната помада Дваесет и втора вечер: Големата жега и летањето во балон Дваесет и трета вечер: Веселото возење по Рајна Дваесет и четврта вечер: Брзиот пат и виорот Дваесет и петта вечер: Појадок ни на земја ни на небо
Наводи
Категорија:Изданија на Култура Категорија:Германски романи Категорија:Романи за деца