Тошихиде Маскава (, р. во Нагоја, Јапонија) — јапонски теориски физичар познат по неговата работа на нарушувањето на CP симетријата кој бил награден со една четвритина од Нобеловата награда за физика „за откривањето на потеклото на нарушената симетрија која го предвидува постоењето на најмалку три семејства на кваркови во природата.“
Животопис Родум од Ајчи, Маскава дипломирал на Нагојскиот универзитет во 1962 година и го стекнал својот докторат во 1962 година и докторат по физика на елементарните честички од истиот универзитет во 1967 година. На Кјотскиот универзитет во раните 1970-и, тој соработувал со Макото Кобајаши за објаснувањето на (нарушувањето на CP симетријата) во стандардниот модел за физиката на елементарните честички. Маскава и Кобајашиевата теорија имала потреба од постоење на најмалку три семејства на кваркови, предвидување кое било потврдено четири години подоцна со откривањето на длабинскиот кварк.
Кобајаши и Маскавовиот натпис, „Нарушување на CP-симетријата во ренормализационата теорија на слабото заемодејство“, објавен во 1973 година, и е четврт најнаведуван високоенергетски физички труд на сите времиња од почетокот на 2010 година. ККМ-матрица, која ги определува мешачките параметри меѓу кварковите е резултат на овој труд. Кобајаши Маскава биле наградени со половина од Нобеловата награда за физика за својата работа во 2008 година, додека остатокот му бил доделен на Јојчиро Намбу.
Маскава бил директор на Јукавскиот институт за теориска физика од 1997 до 2003 година. Денес тој е специјален професор и директор на Кобајаши-Маскавскиот институт за потеклото на честичките и универзумот при Нагојскиот универзитет , директор на Масакавскиот институт за наука и култура при Кјото Сангиовскиот универзитет и професор во пензија на Кјотскиот универзитет .
Награди и почести Нобелова награда за физика (2008) Јапонски орден за култура (2008) Ашајова награда (1994) Јапонска академска награда (1985) Сакурајова награда (1985)
Наводи
Категорија:Јапонски нобеловци Категорија:Јапонски физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Луѓе од Нагоја Категорија:Теориски физичари Категорија:Честични физичари Категорија:Починати во 2021 година