Вилем Ајнтховен (; — ) — холандски лекар и физиолог, изумител на првиот практичен електрокардиограф (ЕКГ) во 1903 и добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1924 за него.
Животопис Ајнтховен е роден во Семаранг на Јава во Холандска Источна Индија (сегашна Индонезија). Родителите му имале холандско, а мајка му имала и швајцарско потекло.The Walbeek Family from Holland:Information about Louise Marie Mathilde Carolien de Vogel. Familytreemaker.genealogy.com (1927-09-29). Проверено на 2012-07-25.I6359: Valcherius BOREL (dates unknown). Rootsweb.ancestry.com. Проверено на 2012-07-25. Неговиот татко бил лекар и починал кога Ајнтховен бил дете. Неговата мајка се вратила во Холандија со нејзините деца во 1870 година и се населила во Утрехт. Во 1885 година Ајнтховен добил медицинска диплома од Лајденскиот универзитет, а во 1886 година станал професор на Утрехтскиот универзитет.
Починал во Лајден во Холандија и е закопан на гробиштата на Реформистичката црква во Угстгест.Van Ditzhuijzen, Jeannette (S9 септември 2005). Bijna vergeten waren ze, de rustplaatsen van roemruchte voorvaderen. Trouw (Холандски весник), стр. 9 од додатокот.
Дејност мини|лево|Еден од најпрвите практични електрокардиографи Уште пред Ајнтховен било познато дека срцето произведува електрични струи, но инструментите од тоа време не можеле прецизно да го измерат овој феномен без поставување на електроди на самото срце. Почнувајќи од 1901 година, Анјтховен создал серија на прототипови на жичен галванометар. Овој уред имал многу тенок филамент на спроводлива жица која минувала низ многу силни електромагнети. Кога струја минувала низ филаментот, електромагнетното поле предзвикувало жицата да се придвижи. Лесно осветлување врз жицаа предизвикувало сенка врз придвижувачка ролна на фотографска хартија, со тоа создавајќи континуирана крива која го прикажувала движењето на жицата. Оригиналната машина барала ладење на моќните електромагнети со вода и барала 5 луѓе за да ја управуваат, а тежела околу 270 килограми. Оваа направа ја зголемила осетливоста на стандардниот галванометар, така што електричната активност на срцето можело да се регистрира и покрај изолацијата на телото и кожата.
Иако понатамошниот развој на техниката овозможиле подобри и помали ЕКГ-апарати, многу од терминологијата што се користи при опис на еден ЕКГ-запис потекнува токму од Ајнтховен. Неговото назначување на буквите P, Q, R, S и T на разните бранови е сè уште во употреба. Поимот „триаголник на Ајнтховен“ е именуван по него и се однесува на замислениот рамностран триаголник со средина на градите и темиња кои се стандардните електрокардиографски одводи на рацете и ногата.
По развојот на жичениот галванометар, Ајнтховен ги опишал електрокардиографските одлики на бројни кардиоваскуларни нарушувања. Подоцна во животот, Ајнтховен го посветил своето внимание на проучување на акустиката, особено на срцевите звуци.
Во 1924 ја добил Нобеловата награда за медицина за откривањето на првиот практичен систем за електрокардиографија користен за медицинска дијагностика.
Поврзано Електрокардиографија Жичен галванометар
Наводи
Литература
Надворешни врски The Einthoven Foundation Cardiology Information Portal Историски слики Извадок за Нобеловата награда Триаголникот на Ајнтховен Библиографија во виртуелната лабораторија на Институтот за историја на науката „Макс Планк“ Museum Boerhaave Negen Nederlandse Nobelprijswinnaars A.M. Luyendijk-Elshout, Einthoven, Willem (1860–1927), во Biografisch Woordenboek van Nederland Биографија Willem Einthoven (1860–1927) од Националната холандска библиотека
Категорија:Добитници на Нобелова награда за медицина Категорија:Холандски нобеловци Категорија:Холандски лекари Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Индонезиски нобеловци Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките