Главна бескидска патека „Кажимјеж Сосновски“ ( или GSB) — планинарска патека означена со црвена боја која поминува од Устроњ во Шлеските Бескиди до Волосате во Бјешчадите.
Најдолга патека во полските планини, има околу 496 кмGłówny Szlak Beskidzki, wyd. Compass 2011, ISBN 978-83-7605-191-8 должина, поминува низ Шлескиот Бескид, Живјечкиот Бескид, Горце, Сондецкиот Бескид, Нискиот Бескид и Бјешчади. Поминувајќи низ највисоки делови на полските Бескиди овозможува искачување на: Стожек Вјелки (чеш. Велки Стожек), Барања Гура, Бабја Гура, Полица, Турбач, Лубањ, Прехиба, Раѓејова, Јавожина Криницка, Ротонда, Цергова, Хришчата, Смерек и Халич како и во населби како: Устроњ, Венгјерска Гурка, Јорданув, Рабка-Здруј, Крошченко над Дунајцем, Ритро, Крињица-Здруј, Ивонич-Здруј, Риманув-Здруј, Комањча, Цисна, Устжики Гурне итн.
Главната бескидска патека била трасирана во меѓувоениот период. Трасата на западен дел (Устроњ-Крињица) била проектирана од Кажимјеж Сосновски и совршена во 1929 г. Источен дел, согласно проект на Мјечислав Орлович, бил совршен во 1935 г. и е водел дури до Чорногора, којато се наоѓала во границите на Полска. Меѓу 1935 и 1939 г. била именувана по Јузеф Пилсудски..
Рекорди Во моментов најкратко време на совладување на целата патека припаѓа на Маќеј Вјенцек (inov-8 team PL) и изнесува 114 часови и 50 минути. Овој подвиг успее да направи во деновите 20 - 24 јуни 2013 г.http://www.magazynbieganie.pl/glowny-szlak-beskidzi-pokonany-w-114-godzin-i-50-minut. Порано скоро 7 години овој рекорд е припаѓал на Пјотр Клосович за којто во септември 2006 совладувањето на целата патека траеше 168 часови . Обата натпреварувачи совладуваат ГСБ од исток до запад, но Пјотр Клосович направи тоа без поддржувачка екипа, додека Маќеј Вјенцек со поддршка.
Галерија
Поврзано Главна судетска патека — „Мјечислав Орлович“.
Наводи
Надворешни врски Точна траса на патеката Извештај од ГСБ (август 2011) Страница за ГСБ Точен опис на траса на патеката Сето за Главната бескидска патека Обемна галерија на слики од патеката
Категорија:Планинарски патеки во Полска