Стефан Спировски (роден на 23 август 1990 во Битола) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на АЕК Ларнака и на македонската репрезентација.

Клупска кариера Спировски ја започнал својата кариера во екипата на Пелистер, во која го имал своето деби за првиот тим во 2007 година. За Пелистер настапувал две и пол сезони, а во зимскиот трансферен прозорец 2010 година му се приклучил на српскиот клуб Борац Чачак.Спировски продолжува во Борац Чачак Своето деби во Српската Супер лига го имал на 20 март 2010, против Јагодина во победата со 1-0 и токму тој бил стрелец на единствениот погодок. На 16 мај 2012, Спировски бил во почетниот состав на Борац во финалето на Купот на Србија, во кое неговиот тим загубил со 2-0 од Црвена Ѕвезда. По завршувањето на сезоната 2011-12 сезона, кога Борац неочекувано испаднал од Суперлигата, Спировски заминал на позјамица во Работнички. До зимската пауза во првенството одиграл 9 натпревари и постигнал еден гол, во победата со 3-1 над Брегалница. Потоа, тој се вратил во Борац за вториот дел од сезоната, играјќи 6 натпревари во кој постигнал еден гол во Српската Прва лига (втора лига по ранг во Србија). За четири години во Борац, вкупно во сите натпреварувања одиграл 60 натпревари и постигнал 2 гола.

На 26 јануари 2014, Спировски потпишал за бугарскиот прволигаш Берое, откако две недели претходно дошол на проби и успеал да го импресионира тренерот Петар Хубчев.Македонски национал подписа с Берое По потпишувањето на договорот му бил доделен дресот со број 92. Своето деби за старозагорци го направил на 23 февруари во поразот со 3-0 на гостувањето против Литекс. Својот прв гол за Берое го постигнал на 7 мај 2014, во победата над Љубимец со 4-0, со прекрасно изведен слободен удар од голема далечина. Првата сезона во клубот ја завршил со 10 настапи и еден гол. Следната сезона одиграл 9 натпревари во А група и еден во Купот на Бугарија до зимската пауза, во која му бил раскинат договорот.Освободеният от Берое Спировски подписа с Вардар

На 23 декември 2015, потпишал двегодишен договор со екипата на Вардар и избрал да го носи дресот со бројот 8.Репрезентативецот Стефан Спировски – најново засилување на Вардар Својот прв погодок во црвено-црниот дрес го постигнал на 16 мај 2015, во победата на домашен терен над Ренова со 4-1, со која екипата на Вардар станала шампион на Македонија.16.05.2015 Осма шампионска титула за фудбалерите на Вардар во Македонија vesti.mk

На 28 август 2017, Спировски потпишал тригодишен договор со унгарскиот Ференцварош. Спировски официјално претставен во Ференцварош sport1.mk

Репрезентативна кариера Тој е поранешен репрезентативец на Македонија во репрезентациите под под 19 и под 17 години. Тој исто така има 21 настап за репрезентацијата под 21 година со што се наоѓа на делба на 6. место по бројот на настапи во оваа категорија.Stefan Spirovski at UEFA.com

На 10 август 2011 тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во пријателски натпревар против Азербејџан.Damjanović i Spirovski na spisku A reprezentacija at Borac official website Својот прв гол за македонската репрезентација Спировски го постигнал на 28 март 2017, во победата со 3-0 над Белорусија во пријателски натпревар одигран на Филип II арената во Скопје.По четири години Македонија врза две победи: Падна и Белорусија со 3-0 (ФОТО+ВИДЕО) ekipa.mk

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Вардар Македонско првенство : 3 2014-2015, 2015-2016, 2016-2017

Ференцварош Унгарско првенство : 1 2018-2019

Наводи

Надворешни врски Стефан Спировски на soccerway Стефан Спировски на transfermarkt

Категорија:Фудбалери на ФК Пелистер Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ПФК Берое (Стара Загора) Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Ференцварош Категорија:Фудбалери на ФК Хапоел Тел Авив Категорија:Фудбалери на ФК АЕК Ларнака Категорија:Фудбалери од Битола Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година