Мелдорф () — град во округот Дитмаршен, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот е сместен на устието на реката Миле, недалеку од брегот на Мелдорфскиот Залив.

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Среден Дитмаршен.

Историја

Првпат бил споменат пред 1250 година и служел како главен град на Дитмаршен, која тогаш била селска република, сојузник со Ханзата. Градот бил опколен во 1500 година, кога кралот Ханс од Калмарскиот сојуз се обидел да ја освои републиката. Неговите сили биле победени од сиромашната армија при Битката кај Хемингштет. Во 1559 година, републиката била освоена, а градот ги изгубил своите права, кои повторно ги стекнал во 1869 година.

Низ вековите, градот го изгубил правото на главен град во корист на Хајде.

Мелдорф претставува родно место на математичарот Олаус Хенричи.

Меѓународни односи

Збратимени градови

Мелдорф е збратимен со следниве градови:

Грифице, Полска Алтентрептов, Германија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Дитмаршен