Мовистар Тим (кратенка на екипата според UCI: MOV) — шпанска професионална велосипедска друмска екипа, која учествува во Светската турнеја и има постигнати дванаесет победи во генералниот пласман на големите трки. Главен спонзор на екипата е шпанскиот мобилен оператор Телефоника, а екипата настапува под име на еден од брендовите на телефонското претпријатие Мовистар.

Екипата била создадена како Рејнолдс, предводена од Анхел Аројо и подоцна од Педро Делгадо, кој победил на Тур де Франс и на Вуелта а Еспања, а подоцна спонзорирана од Банесто. Под ова име екипата ги забележала најголемите успеси, а во нејзе биле петкратниот победник на Тур де Франс Мигел Индураин и Алекс Циле, двократен победник на Вуелта а Еспања. Подоцнежен спонзор на екипата бил Кејс д’Епарњ, француска банкарска група.

Претходно ги користеле велосипедите Пинарело, но од 2014 година екипата ги користи велосипедите Кањон со делови на Кампањоло. Од 2008 година, Еузебио Унзуе бил предводник на екипата, заменувајќи го долгогодишниот менаџер, Хосе Мигел Ечавари. Спортски директори на екипата се Нил Стивенс, Алфонсо Галилеа и Хосе Луис Хаимерена.

Состав на екипата 2016

2017

2018

2019

2020

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Екипи во Светската турнеја на UCI Категорија:Шпански велосипедски екипи