Ацо Ангеловски (Скопје, – , ) ― македонски бранител, полицаец во СВР Скопје. Загинал на 11 јануари 2000 година заедно со уште двајца полицајци на влезот во скопско Арачиново при вооружен напад над полициска патрола.„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002 Одговорноста за овој подмолен напад во 2001 година ќе ја презеде терористичката ОНА. Беше неженет. Ангеловски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.
Заседа во Арачиново Пртвите жртви на УЧК во Македонија На 11 јануари 2000 година на влезот на селото Арачиново, подмолно и ѕверски убиени биле во заседа Ацо Ангеловски, Кирил Петрушевски и Ерол Готак, припадници на МВР. Една година подоцна, кога започнал воениот конфликт во Македонија, терористите од ОНА ќе презеле одговорноста за оваа заседа. Тогаш полицајците вршеле рутинска контрола на автомобили трагајќи по сторители на кражби во главниот град. Вечерта околу 22:30 часот четворица полицајци сопреле автомобил. Зад сопреното возило застанале три други автомобили од кои излегле четворица напаѓачи. Тројца од нив пукале кон полицајците од автомати, а еден од пиштол.
Крунскиот сведок на судењето за заседата, преживеаниот полицаец Новковски, тогаш тврдел дека ноќта на полицајците им било кажано дека одат на специјална задача, за пронаоѓање крадени луксузни возила. Во специјалната акција тие биле пратени без панцир, гас-маска и без автоматска пушка, а згора на сето тоа немале ниту батериска ламба. Возилата ги проверувале со запалка. Според сведочењето, извршителот на полицајците бил во возило Опел Кадет.
Им било судено на Лирим Динарица, Рамиз Асани, Муча Бајрами, Башким Асани, Агим Асани, Наим Асани и Емрула Емрула. По завршувањето на првата судска постапка, обвинетите биле ослободени и притворот им бил укинат. Тогаш Основното јавно обвинителство, според исказот на првообвинетиот Лирим Динарица, го свршил обвинителниот акт. Тој во истражна постапка го признал убиството, а потоа на судењето, дал спротивен исказ. После толку години, сè уште сторителите не се казнети и шетаат на слобода.
Наводи
Категорија:Македонски бранители Категорија:Македонски полицајци Категорија:Луѓе од Волково