Република Косово се наоѓа во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Се граничи со: Србија на север и исток, Црна Гора на запад, Албанија на југозапад и Македонија на југ. Зафаќа површина од 10,887 км2. Главен град, а воедно и најголем, е Приштина.
Релјеф
Релјефот на Косово е составено од двете големи котлини Косово или Косовско Поле (во централниот и и источниот дел) и Метохија (во западниот дел) кои се одделени со висорамнината и регион Дреница и планината Црнолева. На запад од Метохија кон границите со Албанија и Црна Гора се издигнува планинскиот масив Проклетие со највисокиот врв Ѓаравица со 2622 метри (највисок во државата); на масивот се надоврзува планината Паштрик. На југ кон границата со Македонија се издигнува Шар Планина.
Води
Реките на Косово даваат вода на три речни слива: јадранскиот, егејскиот и црноморскиот. Јадранскиот слив е претставен преку целиот речен слив на реката Бел Дрим во Метохија, црноморскиот преку реките Ибар и Биначка Морава во Косово, а егејскиот слив е претставен преку реката Лепенец која се влева во Вардар во Македонија во близината на селото Злокуќани кај Скопје. Реката Неродимка е единствената река во Косово која по пат на природна бифуркација дава вода и на егејскиот и на црноморскиот речен слив.
Население Официјален попис на населението на Косово немало уште од 1989 година кога Косово броело 1.677.000 жители, од кои Албанци биле 77,42%, Срби биле 13,22%, Муслимани (Горанци и Бошњаци) 3,70%, Роми 2,15% итн. Косово имало и најголем природен прираст на населението во поранешната СФРЈ со 25,3% (наталитет 31,8%).
Но, по косовската криза во 1999 година етничкиот состав на покраината е драстично променет, поради иселувањето на околу 200.000 Срби и друго неалбанско население. Според пописот од 2011 година, Косово има 1,733,872 жители.
Територијална поделба
Територијата на Косово се состои од две поголеми региони, Косово и Метохија. Косово го зазема источниот дел од територијата, а додека Метохија се наоѓа на западна страна. Територијата на Косово административно е поделена на 7 окрузи и 24 општини. Главен град на Косово е Приштина, а воедно Приштина е и главен центар на Приштинскиот Округ.
Округ Главен град Површина км2 Насевелниево 2002 (ранг) Населениена км2 Општини Ѓаковички 75px Ѓаковица 1042 242.077 232 Ѓаковица Дечани Ораховац Гнилански 75px Гнилане Гнилане Косовска Каменица Витина Косовскомитровички 75px Косовска Митровица Косовска Митровица Лепосавиќ Србица Вучитрн Зубин Поток Звечан Пеќски 75px Пеќ Пеќ Исток Клина Приштински 75px Приштина Приштина Глоговац Косово Поле Липљан Ново Брдо Обилиќ Подуево Призренски 75px Призрен Призрен Драгаш Сува Река Малишево Урошевачки 75px Урошевац Урошевац Штимле Качаник Штрпце
Спред УНМИК, како второстепени административни единици се оштините.
Општини 280п|центар 01. Дечани11. Лепосавиќ21. Призрен02. Драгаш12. Липљан22. Србица03. Ѓаковица13. Малишево23. Штрпце04. Глоговац14. Косовска Митровица24. Штимле05. Гнилане15. Ново Брдо25. Сува Река06. Исток16. Обилиќ26. Урошевац07. Качаник17. Ораховац27. Косовска08. Косовска Каменица18. Пеќ28. Вучитрн09. Клина19. Подуево29. Зубин Поток10. Косово поле20. Приштина30. ЗвечанКосово и Метохија
Поврзано Историја на Косово Градови во Косово
Надворешни врски Visit Kosovo - туристичка страница Косовски пештери
Категорија:Косово Категорија:Географија на Косово