„Оливер Месечковски - Урнебес од волшебни напивки“ (англиски: Oliver Moon and the Potion Commotion) е книга за деца од британската писателка Су Монгредин (Sue Mongredien). Книгата е објавена во 2007 година од издавачката куќа „Азборн паблишинг“ (Usborne Publishing Ltd.), додека во Македонија, таа е издадена од „Три“ во 2010 година, а во превод на Марија Среброва и Мирјана Буразер.Су Монгредин, Оливер Месечковски - Урнебес од волшебни напивки, Скопје: Три, 2010.
Технички одлики Книгата е со обем од 20 сантиметри, има 94 страници и, покрај текстот, содржи илустрации, коишто се дело на Јан Мекаферти. Лектурата на текстот ја извршила Васка Кочовска, а технички уредник е Славко Јовановски. Книгата е испечатена во печатницата „Графотрејд“. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4577-88-1.
Содржина Книгата содржи седум глави, во кои се опишани доживувањата на детето Оливер Месечковски кое учи во училиштето за вештери.
Наводи
Категорија:Дела на Су Монгредин Категорија:Англиски романи Категорија:Романи за деца Категорија:Изданија на Три Категорија:Книги од 2007 година Категорија:Појавено во 2010 година во Македонија