5017 на „Air Algerie“ — редовен меѓународен патнички лет од Уагадугу, Буркина Фасо до Алжир, кој исчезнал во Северен Мали на 24 јули 2014. Неидентификуван алжирски службеник тврди дека авионот се срушил, додека „Air Algerie“ изјави дека авионот се срушил во близина на Тилемси. Авионот бил директен лет од „Air Algerie“ со цел да обезбеди дополнителен капацитет за време на летната сезона. На 25 јули 2014 година францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека нема преживеани.

Патници и екипаж Од вкупно 116 патници на авионот, 50 биле французи. Според портпаролката на СЕПЛА, сојуз на шпански пилоти, шесте членови на екипажот биле шпанци, според Swiftair.

+Луѓе во авионот по националностЗемјаБрој 6 1 27 1 5 1 50 4 8 2 1 1 1 6 1 1Вкупно 116

Очигледна несреќа Авионот полетал од аеродромот Уагадугу во 01:07 по месно време (UTC) на 24 јули 2014. Планирано било да слета на аеродромот Хуари Бумедине во Алжир во 05:10. Министерот за транспорт на Франција Фредерик Кувилиер изјавил дека авионот исчезнал некаде над Северен Мали. Во 09:56 на 24 јули, „Air Algerie“ започнале потрага по авионот.Air Algerie Flight AH5017: Algeria 'Loses Contact With Plane' Според портпаролот на француската армија, два француски орбени авиони се приклучиле во потрагата по исчезнатиот авион долж веројатната рута.

Извештаи за остатоците Француските сили пријавиле дека откриле остатоци од авионот во областа помеѓу Гао и Кидал, во пустинска област која е тешко достапна. Претседателот на Мали Ибраим Бубакар Кејта изјавил дека остатоци биле пронајдени во северните пустини на земјата помеѓу Агелхок и Кидал. Генералот Гилберт Диндир од армијата на Буркина Фасо изјавил деа остатоци од авионот се наоѓаат во регионот Госи на Мали, 50 километри северно од границата со Буркина Фасо.

Наводи

Надворешни врски

Información Incidente Aéreo / Aviation Incident Information( ). Swiftair.

Категорија:Воздухопловни насреќи Категорија:Авионски несреќи во 2014