Брахиоцефалична артерија или брахиоцефалично стебло е артерија која со крв ја снабдува десната рака, вратот и главата. Таа е првата гранка на аортниот лак. Се дели на десна заедничка каротидна артерија и десна потклучна артерија. Не постои брахиоцефалична артерија на левата страна. Левата заедничка каротидна артерија и левата потклучна артерија излегуваат директно од аортниот лак.

Категорија:Артерии