Ранко Мунитиќ (; Загреб, 3 април 1943. — Белград, 28 март 2009) бил југословенски теоретичар на филмот и стрипот, филмски критичар, сценарист и режисер.
Животопис Мунитиќ своето рано детство го поминал во Трогир (до шестата година), од каде бил неговиот татко, а потоа се преселил во Загреб, каде неговата мајка била на школување. Во Загреб студирал историја на уметноста на загрепскиот Филозофски факултет. Уште во текот на студирањето започнал да се занимава со критика, пишувајќи го првиот професионален текст во 1962. Првото филмско сценарио го напишал за краткиот филм – „Патувачко кино“ (1964) што и го режирал. Бил помошник на режија на Ватрослав Мимица за филмот „Прометеј од заливот Вишевице“ (1964), и по првите режисерски искуства, повеќе не се занимавал со режија, туку исклучиво со критика и со пишување на филмски сценарија. Напишал бројни сценарија за цртаните филмови на Загреб филм (Рампа, Малата Сирена, Време на вампирите, Пајак...) и сценариото за долгометражниот игран филм на Дејан Шорак „Офицер со ружа“ (1987).
Мунитиќ во 1971 се преселил во Белград, каде продолжил да објавува филмска критика и студии за филмот, објавувајќи опширна ретроспектива на загрепската школа на цртаниот филм „Загрепскиот круг на цртаниот филм I–IV“ (1978 - 1986) и на белградската школа на документарниот филм „Белградска школа на документарен филм“ (1967). Автор е на бројни портрети на филмски глумци; Павле Вуисиќ, Данило Бата Стојковиќ, Бора Тодоровиќ, Александар Берчек, Душица Жегарац, и на монографиите за Миодраг Петровиќ Чкаља и Љуба Тадиќ. Мунитиќ се занимавал и со стрипот. Во 1974 ја објавил студијата „Стрип – деветтата уметност“.
Библиографија Београдска школа документарног филма /Белградска школа на документарен филм/ (1967) Jean Vigo /Жан Виго/ (1970) Фантастика на екрану I-II /Фантастиката на екранот I-II/ (1971-1973) О анимацији /За анимацијата/ (1973) Стрип - деветта уметност? /Стрип – деветтата уметност/ (1974) О документарном филму /За документарниот филм/ (1975) Dežela animiranih čudes /Царството на анимираните чуда/ (1976) Те слатке филмске лаже /Тие слатки филмски лаги/ (1977) Југославенски филмски случај /Југословенскиот филмски случај/ (1980) Документарни филм - да или не? /Документарен филм – да или не?/ (1982) Увод у естетику кинематографске анимације /Вовед во естетиката на кинематографските анимации/ (1982) Туцање диносаура // (1984) Павле Вуисић /Павле Вуисиќ/ (1985) Загребачки круг цртаног филма I-IV /Загрепски круг на цртаниот филм I-IV/ (1978-1986) Алиса на путу кроз подземље и кроз свемир /Алиса на пат низ подземјето и вселената/ (1986) Чудовишта која смо волели I-II /Чудовишта кои ги сакавме I-II/ (1990-1997) Пола века анимираног филма у Србији /Половина век анимиран филм во Србија/ (1999) Филмски критичарски круг 1-3 (2000-2007) 14.444 критичарска дана /14.444 критичарски денови/ (2001) Кино клуб Београд /Кино клуб Белград/ (2003) Чкаља // (2005) Адио, Југо филм! // (2005) Чудовишта која смо волели I-III /Чудовишта кои ги сакавме I-III/ (2007-2008)
Филмографија Режисер Путујући кино /Патувачко кино/ (1964) Сценарист Путујући кино /Патувачко кино/ (1964) Вријеме вампира /Време на вампирите/ (1971) Официр с ружом /Офицер со ружа/ (1987) Вече са звездама /Вечер со ѕвездите/ (1991-1997, серијал од 24 епизоди) Павле Вуисић 1926-1988 /Павле Вуисиќ 1926-1988/ (1997) Данило Бата Стојковић - филмска остварења /Данило Бата Стојковиќ - филмски остварувања/ (1999) Душица Жегарац - филмска остварења /Душица Жегарац – филмски остварувања/ (2000) Александар Берчек - филмска остварења /Александар Берчек - филмски остварувања/ (2002) Бора Тодоровић - филмска остварења /Бора Тодоровиќ – филмски остварувања/ (2003)
Извори
Надворешни врски
Ранко Мунитиќ на ИМДБ „Човек који је волео филм“, Политика, 27 март 2011. Центар за медиуми „Ранко Мунитиќ“, Белград
Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Починати во 2009 година Категорија:Луѓе од Загреб Категорија:Српски новинари Категорија:Српски писатели Категорија:Српски сценаристи Категорија:Српски филмски режисери Категорија:Српски историчари Категорија:Хрватски писатели Категорија:Хрватски сценаристи Категорија:Хрватски филмски режисери Категорија:Хрватски историчари Категорија:Срби во Хрватска Категорија:Историчари на културата