Росточки универзитет () — универзитет во градот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија.
Основан во 1419 година, тој е еден од најстарите универзитети во светот и најстар и најголем универзитет во континентална Северна Европа и областа околу Балтичкото Море. Тој е трет најстар универзитет во Германија, кој работел без прекин. Универзитетот е поврзуван со пет нобеловци. Во зимскиот семестар 2011/12 биле запишани 15.312 студенти.
Луѓе
Во скоро шест векови постоење, бројни познати студенти и професори се поврзуваат со универзитетот. Дел од нив се:
Тихо Брахе — дански астроном Карл Фридрих Вилхелм Брокман — филозоф Алберт Ајнштајн — физичар и нобеловец (почесен доктор на наука во 1919) Олав Енгелбректсон — 28. и последен римокатолички архиеписок на Нидарос Арно Еш — студент и либерален политичар Карл фон Фриш — етнолог и нобеловец Јоахим Гаук — 11. претседател на Германија, студирал теологија во Росток до 1965, почесен доктор Конрад Геселен — астроном, математичар и свештеник Валтер Халштајн — прв претседател на Европската комисија Хоскулд Хоскулдсон — 28. и последен римокатолички епископ на Ставангер Валтер Кемповски — писател Албрехт Косел — научник и нобеловец Могенс Лауритсен — 27. и последен римокатолички епископ на Хамар Макс Планк — физичар и нобеловец (почесен доктор на науки во 1919) Исак Рилф — филозоф Мориц Шлик — филозоф Хајнрих Шлиман — археолог Рудолф Штајнер — антрополог Ото Штерн — физичар и нобеловец
Галерија
Поврзано Список на универзитети во Германија Росток Грајфсвалдски универзитет
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Град Росток Институт Албрехт Косел за неврорегенерација
Категорија:Универзитети во Германија Категорија:Историја на Мекленбург