Златна папрат (, syn. Ceterach officinarum) — вид папрат од семејството на слезенките (Aspleniaceae). Се одликува со краток ризом кој продолжува со неколку зелени перјаници.
Овие папрати се застапени во Западна и Средна Европа, вклучувајќи го и Средоземниот регион. Папратот расте на карпи и малтер од камен и тули.
Традиционални начини на употреба Се користи за правење на инфузии како диуретик.
Живеалиште Папратот расте на карпести ѕидови, особено во алкални предели. Може да расте и до 2.700 м.н.в, исто така расте и на планински места, каде што обично се појавува на сончеви предели.
За разлика од другите папрати, овој вид на прапрат расте во сончеви предели и ако може да расте и без сонце доколку има влажност.
Во Македонија Ова е еден од најчестите папрати, кој се развива по сувите и изложени на сонце карпи и камењари. Се среќава во низините, клисурите и планините.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 60 МАНУ, Скопје, 1985
Наводи
Категорија:Слезенка Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година