Фудбалски Клуб Барселона Ц — поранешен шпански фудбалски клуб кој се распаднал на 2 јули 2007 година. Овој младински тим на ФК Барселона, ги играл домашните натпревари на стадионот Мини Естади.
Основан во 1967 како „Барселона Аматер“, го усвоил името ФК Барселона Ц во 1993 година. За разлика од Англиската лига, младинските екипи во Шпанија играат во истата фудбалска пирамида како нивниот сениорски тим, без играње во одделна младинска фудбалска лига.
ФК Барселона Ц последен пат играла во четвртата лига. Клубот немал право за промоција во третата лига, поради тоа што ФК Барселона Б се натпреварувале во таа категорија. Тогашниот клупски претседател Жоан Лапорта одлучи да не го запиште тимот во Примера Каталана за сезоната 2007-08, по испаѓањето на Б тимот во четвртата лига.Barcelona C leaves the scene
Познати играчи Лионел Меси Франк Сонго Моха Микел Артета Серхио Бускетс Серхио Гарсија Фернандо Наваро Пепе Реина Педро Родригес Виктор Валдес
Наводи
Категорија:ФК Барселона Категорија:Фудбалски клубови од Шпанија