Бел Камен — археолошко наоѓалиште во битолското село Мојно. Претставува населба од железно и доцноантичко време. Се наоѓа на околу 2 км западно од селото, на местото каде што теренот преминува во Пелагониската Рамнина, од северната страна на патот Мојно-Мусинци. Наоѓалиштето е тумба делумно уништена уште во времето на подигањето на доцноантичката населба околу неа. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, временски различни.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Еленик — населба од хеленистичко и доцноантичко време; Лилјак — населба од железно време; Шипур — населба од римско време; Рупа — населба од доцноантичко време; Мојно; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Мојно