Рупа — археолошко наоѓалиште во битолското село Мојно. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 700 м североисточно од селото, каде при обработувањето на нивите се откриени темели од објекти, а по површината фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Најдени се монети од Анастасиј. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Еленик — населба од хеленистичко и доцноантичко време; Бел Камен — населба од железно и доцноантичко време; Шипур — населба од римско време; Лилјак — населба од железно време; Мојно; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Мојно