Туриграв — археолошко наоѓалиште во битолското село Суводол. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 800 м југозападно од селото, покрај левиот брег на Ореовски Дол. Заводот и музеј од Битола во 1977 година извршил заштитно ископување, при што се откриени остатоци од темели на куќи градени од камен и кал и еден објект со просторија за термално загревање. Откриено е множество фрагменти од керамички садови, а најдени се и монети од III и IV век. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Манастирец — базилика од старохристијанско време; Дибек — гробница од хеленистичко време; Ѓорев Рид — населба од неолитско и доцноантичко време; Ѓорчева Воденица — населба од римско време; Бројанец — базилика од старохристијанско време; Тумба — населба од бронзено време; Бртви — населба од доцноантичко време; Ума — населба од доцноантичко време; Шуплевец — населба од бакарно време; Суводол; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Суводол (Битолско)