Спортската сала 26ти Април — најголемата спортска сала во Гевгелија. Салата била отворена во 1983 година и е изградена од дел на платите од работниците во Општина Гевгелија. Од тој ден па сè до денес салата 26 Април има претрпено неколку реконструкции од кои последната била направена во август 2014 година. Така салата доби нов паркет и нови кошеви од марката „Елан“, реновирани соблекувални и поправени трибини. „26 Април“ брои четири соблекувални и две помошни простории. Салата поседува современ систем на греење, со кој „26 Април“ е една од нај добро затоплените сали во државата. Салата има сместивост од 1,600 гледачи.
Поважни настани одржани во салата Финале - Прва македонска кошаркарска лига 2012/13 (КК Кожув - МЗТ Аеродром)
Тимови кои играле во оваа сала КК Кожув КК Бест ЖРК Гевгелија
Во внатрешноста Во внатрешноста на салата се наоѓа супер маркетот Солун 53. Наводи
Категорија:Кошаркарски собиралишта во Македонија 26ти Април Категорија:Спортски зданија во Гевгелија