КК Кожув — кошаркарски клуб од Гевгелија, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига. Клубот натпреварите на домашен терен ги игра во спортската сала 26 Април.
Историја Клубот бил основан во 1955 година.
Најголемиот успех на „Кожув“ бил остварен во 2013 година, кога се пласирал во финалето на Првата македонска кошаркарска лига, но бил поразен од МЗТ Аеродром. Исто така поголем успех е учеството во финалето во Купот на Македонија во 2015 година, каде Кожув загубил од Работнички.Во Кожув задоволни: Ова беше добар викенд ekipa.mk 22 февруари 2015
На крајот на 2015 година, претседателот на клубот Томе Главчев го напуштил Кожув, кој воедно бил и најголем финансиер на клубот.Тешки времиња за гевгеличани: Кожув остана без главниот финансиер – Главчев си поднесе оставка! sportmedia.mk 23 декември 2015Томе Главчев поднесе оставка од Кожув ekipa.mk 23 декември 2015
Во јуни 2019 година, гевгелиските клубови Блокотехна (финансирана од Томе Главчев) и Кожув одлучиле кадарно и финансиски да се соединат. Правно, Кожув останал на кошаркарска карта. Достигнувања Прва кошаркарска лига финалист - 2013 Куп на Македонија финалист - 2015
На 22 февруари 2015 година, „Кожув“ играл во 23. финале на Купот на Македонија (одиграно во салата „Јане Сандански“ во организација на МЗТ Аеродром), каде загубил од „Работнички“ со 66-74. Претходно, во полуфиналето, „Кожув“ го победил тимот на „МЗТ Аеродром“. Најдобри во тимот на „Кожув“ во финалниот натпревар биле Јанушевиќ, Дунѓерски и Божовиќ, со постигнати 15, 13 и 11 бода, соодветно. Гоцевски постигнал седум бода, Шепа и Албијаниќ имале учинок од по шест бода, Брчков и Главчев постигнале по три бода, а Богоев - два бода.Сашко Ѓ. Димовски, „Отпишаните „старци“ го возвратија ударот“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 19.
Меѓународни настапи БИБЛ лига Во сезоната 2014-2015, КК Кожув играл во групата Б на регионалната Балканска лига. Во третото коло, на домашен терен, „Кожув“ го победил тимот на „Сигал“ од Приштина, со 93-78, со што ја постигнал третата последователна победа. Најефикасни за „Кожув“ биле: Миладин Пековиќ (16 бода, 8 асистенции и 6 скока) и Драшко Албијаниќ (16 бода и 9 скока).„Кожув и Куманово сигурни во БИБЛ“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 25. Во петтото коло, на гостувањето во Бар, „Кожув“ го победил тимот на „Морнар“ со 75-67, со што ја остварил петтата последователна победа. Најефикасни во тимот на „Кожув“ биле Алексеј Нешовиќ, со 23 бода и Драшко Албијаниќ, со 16 бода.„Кожув славеше во Бар, Пеќ се радуваше во Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5640, петок, 12 декември 2014, стр. 26. Во седмото коло, КК „Кожув“ постигнал победа на гостински терен, совладувајќи го во Приштина тимот на „Сигал“ со 100-87.„Тежок пораз за Куманово, Михајловки си даде оставка“, Дневник, година XIX, број 5673, петок, 23 јануари 2015, стр. 24. Во 10. коло, КК „Кожув“, на домашен терен, го победил тимот на „Влазнија“ од Скадар со 99-59 и, со учинок од осум победи во осум натпревари, се пласирал во втората фаза од лигата БИБЛ, како единствена непоразена екипа.„Кожув и Куманово во втората фаза од БИБЛ-лигата“, Дневник, година XIX, број 5679, петок, 30 јануари 2015, стр. 22.
Во втората фаза од лигата, „Кожув“ настапувал во групата Д, заедно со екипите на „Рилски“, „Сутјеска“ и „Сигал Приштина“. Притоа, во првото коло, на домашен терен, „Кожув“ го победил тимот на „Сутјеска“ со 79-76.„И Куманово тргна победнички во БИБЛ“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 23. Непобедливоста на КК „Кожув“ била прекината на домашен терен, кога клубот загубил од „Рилски спортист“ со 72-74. Најефикасен во редовите на „Кожув“ бил Владимир Брчков, со постигнати 18 бода, но поразот бил резултат на големиот број загубени топки (дури 17), на помалиот број скокови (33 наспроти 38) и на неефикасноста кон крајот на натпреварот, кога „Кожув“ постигнал само два бода во последните две минути.„Прв пораз на Кожув во БИБЛ-лигата“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 22. Сепак, во третото коло, „Кожув“ успеал да го победи „Рилски спортист“ во Самоков со 88-86 и на тој начин го освоил првото место во групата, со што го избегнал четвртфиналниот натпревар, т.е. директно се пласирал во полуфиналето на лигата „БИБЛ“. Најзаслужни за десеттата победа на „Кожув“ во лигата биле Милан Јанушевиќ со постигнати 21 бод, Филип Шепа со 18 и Владимир Брчков, кој постигнал 17 бода.„Кожув директно во полуфиналето на БИБЛ-лигата“, Дневник, петок, 27 февруари 2015, стр. 23.„Кожув прв полуфиналист во БИБЛ-лига“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 23.
Во полуфиналето на лигата, „Кожув“ се сретнал со тимот на „Сигал“ од Приштина.„Кожув во полуфиналето од БИБЛ-лигата ќе игра со Сигал“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 27.
Моментален состав 2023/24 Извор: Кошаркарска федерација на Македонија eurobasket.com +ИграчиГоран Главчев Димитар КараџовскиИлија КолевДимитар ЛазаревскиДарио МитевскиДимитар ПандевПавел ИвановЈордан КузмановАндреј ИчевРисте БукрлишевИан Рајеш КришнанКолин Едвардокс СпатерЕуген Кери АртисонДушан Хукиќ
Поврзано Прва македонска кошаркарска лига Втора македонска кошаркарска лига Куп на Македонија Суперкуп на Македонија БИБЛ Македонска кошаркарска федерација Спорт во Гевгелија Кошарка во Македонија
Наводи
Надворешни врски Официјална страница Информации за тимот на МКФ Профил на КК Кожув на Facebook Информации за тимот на Eurobasket Информации за тимот на BalkanLeague
К К К