Крес — археолошко наоѓалиште во преспанското село Штрбово. Претставува црква и некропола од среден век. Се наоѓа во темелите на Црквата „Св. Димитриј“, која се наоѓа на мало зарамнето плато, високо во подножјето на Баба Планина, оддалечено околу 1,5 км североисточно од селото. Според кажувањето на мештаните, околу црквата имало гробови покриени со монолитни камени плочи, кои денес сосема малку се забележуваат.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Грамада — населба од доцноантичко време; Куќишта — населба од средниот век; Гура — населба од доцноантичко време; Нивје — црква и некропола од средниот век; Штрбово; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Штрбово