Хуан Бош (, Ла Вега, Доминиканска Република - , Санто Доминго) — 43-тиот претседател на Доминиканската Република.

Бош пораснал во семејство што припаѓало во пониската средна класа. Ужаснат од бруталноста на диктаторот Рафаел Труџило, 24 години поминал во егзил, но се вратил по смртта на Труџило за да изгради левичарско антикомунистичко движење. Откако победил на првите слободни претседателски избори по 38 години, вовел либерални уставни промени, од кои многу промени биле во корист на сиромашните во земјата. Меѓутоа, неговите реформи ги отуѓиле земјосопствениците и индустријалците, и по само седум месеци поминати на функција, Бош бил сменет со воен удар. Кога неговите поддржувачи се побуниле против владејачката хунта во 1965 година, американскиот претседател Линдон Б. Џонсон, тврдејќи дека следбениците на Бош се комунисти, испратил трупи за да го задушат востанието. Во наредните три децении Бош повеќепати се кандидирал за претседател но без успех.

Користена литература Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.

Категорија:Претседатели на Доминиканската Република Категорија:Велеофицери на Легијата на честа