Ламберто Ѕаули (роден во Рим, на 19 јули 1971) — италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред, кој во моментов ја предводи екипата на Реџана.
Како играч, тој бил наречен Зидан во Серија БBellaria, il prossimo tecnico sarà l'ex rosanero Zauli Tuttopalermo.netColpo grosso rosanero un triennale per Zauli ricerca.repubblica.itReggiana, mister Zauli a Calciopress Calciopress.net и принцот (на итал. il principe).
Технички одлики Играл на позицијата плејмејкер и имал моќна фигура;. бил многу интелигентен додавач и разигрувач на топката и поседувал чувство за цел.
Кариера Играч Заули израснал во Гросето, каде што неговиот татко работел како анестезиолог (но и поранешен играч на црвено-белите). Ламберто почнува да игра во младите категории на Гросето, но подоцна тој се сели во друг клуб во близина, Модена која го класифицира во јуниорскиот состав. Потоа пристигнува во Равена и придонесува за неговата прва промоција во Серија Б во сезоната 1995-96, а потоа ја одиграл најдобрата сезона досега за жолто-црвените во кадетското првенство во 1997. Следната сезона, тој направил скок во Серија А, во редовите на Виченца, клуб кој штотуку го освоил италијанскиот куп со Франческо Гвидолин на клупата. Во сезоната 1997-1998 играл во Купот на победниците на куповите, каде што Виченца стигнала до полуфиналето, против Челзи. По победата со еден гол во првиот натпревар, тимот е елиминиран од сините , а потоа и победници на турнирот.
Голем дел од неговата кариера е преплетен со оној на Гвидолин, со кого ќе споделат сезони на соработка и во Болоња и Палермо.
Во својата единствена сезона во Болоња, тој замалку неуспеал да се пласира со својот тим во квалификациите за Лигата на шампионите, откако Болоња влегла во серија на лоши резултати кон крајот на првенството. Сепак, Заули имал одличен придонес за освоеното солидно 7. место на крајот од сезоната, постигнувајќи 6 гола во Серија А од кој само еден не се покажал во победа за својот тим (поразот со 2-1 од шампионот Јувентус во Торино). Во следните сезони, тој го носел дресот на Палермо,= 166.315 Zauli : "Еве како стасав во Палермо" Mediagol.it придонел за историско враќање на сицилијанците во Серија А и веднаш квалификација во Купот на УЕФА со освоеното 6. место во првенството. Во сезоната 2002-2003 тој бил сериозно повреден во судир со Џанлука Грасадонија од Каљари, натпреварот завршил 1-1, а фрактурата на десната нога го вади Заули надвор од акција за четири месеци.
Во сезоната 2005-2006, преминал во Сампдорија, со која одиграл само половина сезона, собирајќи неколку настапи во лигата и Купот на УЕФА. Во јануари, се вратил назад во Болоња. Во 2007 направил трансфер во Кремонезе на Емилијано Мондонико, кој играл во Серија Ц1, а стигнал до плеј-офот.
На 27 август, 2008 го раскинал договорот со Кремонезе Кремонезе, Заули го раскина договорот Tuttomercatoweb.com и се преселил во Беларија Игеа до крајот на сезоната, кога ги оставил спортските активности.
Во текот на својата кариера тој постигнал вкупно 146 настапи и 20 гола во Серија А и 158 настапи и 28 гола во Серија Б.
Тренер Само неколку месеци откако ја завршил играчката кариера, тој стана тренер во тимот каде што тој играл како играч минатата сезона, Беларија Игеа, откаде бил отпуштен на 7 април 2010, откако освоил само 28 бода во 29 натпревари во Лега Про Секонда ДивизионеСлужбено:Беларија, го отпушти Ламберто Заули Tuttopalermo.net По речиси една сезона во Фано тој стигнал на чело на Реџана во 2012 година, а на истото тоа место повторно се вратил на 19 март 2013.
Титули Виченца Серија Б : 1999-00
Палермо Серија Б : 2003-04
Надворешни врски Статистика на tuttocalciatori
Наводи
Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Виченца Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Палермо Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Родени во 1971 година