Препонската коска () — парна коска и заедно со бедрената и седалната коска учествува во градбата на карличната коска.

Делови Препонската коска се состои од: тело () што го гради предниот дел од ацетабулумот; две гранки: горна и долна, учествуваат однапред во ограничувањето на запречниот отвор; валчеста зглобна површина () се зглобува со истата од спротивната коска и гради неподвижен зглоб (). Зглобови Зглобовите овозможуваат поврзување на двете препонски коски и поврзување на ацетабулумот со главата од бутната коска: срамна симфиза () претставува неподвижен ’рскавичен спој што ги соединува предните краишта на двете препонски коски; зглоб на колкот () го поврзува ацетабулумот од карличната коска со главата од бутната коска. Спаѓа во топчести зглобови и во него се вршат сите движења на ногата. Галерија

Надворешни врски

Категорија:Анатомија Категорија:Коски