Авињон () — град и општина во југоисточна Франција. Лежи на левиот брег на реката Рона и според проценките од 2010 година има 94.787 жители од кои речиси 12.000 живеат во јадрото на стариот град, кое е опкружено со средновековни ѕидини. мини|Воздушен поглед на Авињон Заштитен е од УНЕСКО како светско културно наследство, поради бројните историски наоѓалишта од огромно значење за европската и светската историја. Меѓу поважните споменици освен градското јадро се вклучуваат и средновековните ѕидини, Папскиот дворец и Авињонскиот мост. Дворецот бил седиште резиденција на папата од 9 март 1309 до 13 јануари 1377 година.http://www.britannica.com/EBchecked/topic/45795/Avignon-papacy
Меѓу традиционалните манифестации најпознат е катагодишниот театарски фестивал, Фестивал Д`Авињон.http://www.festival-avignon.com/en/
Поврзано Авињонско папство
Наводи
Категорија:Градови во Франција Категорија:Светско наследство во Франција Категорија:Општини во Воклиз