Нина Симон (анг.Nina Simone) (Јунис Кетлин Вејмон (Eunice Kathleen Waymo); 21 февруари 1933 – 21 април 2003) била американска пејачка, текстописец, пијанистка, аранжерка, и активистка за граѓански права, општо позната по џез музиката. Симон се стремела да стане класична пијанистка и притоа работела на повеќе стилови, како класичен, џез, блуз, фолк, ритам и блуз, госпел и поп.
Симон е родена во Северна Каролина, како шесто дете во фамилија на свештеник. Симон сакала да биде концертна пијанистка. Патот кон музиката ја променил својата насока откако не успела да добие стипендија на престижниот Институт за музика „Куртис“ Curtis Institute of Musi) во Филаделфија, и покрај нејзината добра аудиција. Подоцна, некој вработен во „Куртис“ и кажал на Симон дека не добила стипендија бидејќи била/е црна. За да може да го финансира своето понатамошно музичкото образование и да стане класична пијанистка, започнала да свири во мал клуб во Филаделфија, каде исто така барале и да пее. „Бетлихем Рекордс“ (Bethlehem Records) и понудиле снимање и нејзината преработка на „I Loves You, Porgy“ станала хит во САД во 1958. Во текот на нејзината кариера, Симон снимила повеќе од 40 албуми, најмногу меѓу 1958 година – кога настапила јавно со “Little Girl Blue”- и 1974 година.
Симон е родена во Северна Каролина, како шесто дете во фамилија на свештеник. Симон сакала да биде концертна пијанистка. Патот кон музиката ја променил својата насока откако не успела да добие стипендија на престижниот Институт за музика „Куртис“ во Филаделфија, и покрај нејзината добра аудиција. Подоцна, некој вработен во „Куртис“ и кажал на Симон дека не добила стипендија бидејќи била црна. За да може да го финансира своето понатамошно музичкото образование и да стане класична пијанистка, започнала да свири во мал клуб во Филаделфија, каде исто така барале и да пее. „Бетлихем Рекордс“ (Bethlehem Records) и понудиле снимање и нејзината преработка на „I Loves You, Porgy“ станала хит во САД во 1958. Во текот на нејзината кариера, Симон снимила повеќе од 40 албуми, најмногу меѓу 1958 година – кога настапила јавно со “Little Girl Blue”- и 1974 година.
Нејзиниот музички стил произлегува од соеднинување на госпел и поп песни со класична музика, особено со влијанија од нејзината прва инспирација, Јохан Себастијан Бах (Johann Sebastian Bach), придружен со нејзиното пеење кое наликува на џез во нејзиното карактеристично контралто. Таа во музиката внела што е можно повеќе од нејзината класична основа, за да ѝ даде поголема длабочина и квалитет, бидејќи сметала дека поп-музиката е инфериорна на класичната. Нејзиното интуитивно разбирање на односот меѓу публиката и изведувачот го стекнала преку често свирење на пијано како придружба на само шест години за црковни ревивализми и церемонии.
На почетокот на шеесеттите, Симон се вклучила во движењето за граѓанските права и насоката на нејзиниот живот повторно се променила. Музиката на Симон имала значајно влијание врз борбата за еднакви права во Соединетите држави. Во подоцнежните години живеела во странство, при што конечно во 1992 година останала во Франција. Во 2000 година ја добила наградата Grammy Hall of Fame и во текот на нејзината кариера била номинирана петнаесет пати за награда „Греми“.
Животопис
Младост (1933–1954) Симон, чие вистинско име е Јунис Кетлин Вејмон, е родена во Трион, Северна Каролина. Таа е шестото дете од осумчлена сиромашна фамилија и започнала да свири на пијано на три години; “God Be With You, Till We Meet Again” била првата песна која ја научила. Бидејќи покажала талент, настапила во локалната црква, но нејзиниот прв јавен настап, класичен рецитал, бил на дванаесет години. Подоцна, Симон кажала дека за време на настапот, нејзините родители кои седеле во првиот ред биле присилени да се премесетат на крајот од салата, за да се направи место за луѓето со бела кожа. Симон рекла дека се противела да настапи сè додека нејзините родители не ги вратиле на старите места и дека всушност овој инцидент е причината за нејзиното вклучување во движењето за граѓанските права.
Мајка ѝ на Симон, Мери Кејт Вејмон (Mary Kate Waymon), била методистички свештеник и домашна помошничка. Татко ѝ на Симон, Џон Дивајн Вејмон (John Divine Waymon), бил мајстор кој некое време имал фирма за хемиско чистење, но, исто така имал лошо здравје. Откако слушнал за талентот на ќерка ѝ, работодавачот на Мери Кејт им обезбедил парични средства за часови по пијано. Подоцна, се основал локален фонд за да ѝ помогне на Симон во нејзиното понатамошно образование. Со помош на овие пари од стипендијата, Симон го посетувала средното училиште за девојчиња „Ален“ (Allen High School for Girls) во Ешвил, Северна Каролина.
По завршување на средно училиште, Симон се подготвувала за интервју со помош на приватен тутор, за да продолжи да учи свирење на пијано во институтот „Куртис“ (Vurtis Institute), но била одбиена. Симон мислела дека ја одбиле заради нејзината раса, иако „Куртис“ започнал да прима пријавувачи од црната раса во 1940 година и во 1945 година Џорџ Вокер бил првиот кој завршил, а подоцна добил Пулицерова награда. Подоцна Симон се преселила во градот Њујорк, каде учела во школата за музика „Џулијард“ (Juilliard School of Music).
Почеток на успех (1954–1959) За да си ги финансира приватните часови, Симон настапувала во Мидтаун Бар & Грил (Midtown Bar & Grill) во Пасифик Авењу во Атлантик Сити, чиј сопственик настојувал и да пее и да свири на пијано. Во 1954 Симон го присвоила сценското име Нина Симон. „Нина“ (од niña, што на шпански значи мало девојче) е прекар кој го добила од нејзино момче, а „Симон“ го презела од француската глумица Симон Сињоре (Simone Signoret), која ја видела во филмот „Златен шлем“ (Casque d'or). Со комбинацијата од џез, блуз и класична музика во нејзините настапи во барот, Симон добила мала, но лојална група на обожаватели.
Во 1958 се спријателила и омажила со Дон Рос (Don Ross), битник кој работел како гласноговорник на панаѓури, но набргу се покајала за бракот. Додека свирела во клубови, во истата година ја снимила песната на Џорџ Гершвин (George Gershwin)“I Loves You, Porgy” (од “Porgy and Bess”), која ја научила од албумот на Били Холидеј (Billie Holiday), а ја испеала како услуга за пријател. Оваа песна станала единствен нејзин успех на „Билбоард“ (Billboard) топ 20 во САД, а нејзиниот деби-албум “Little Girl Blue” бргу следел на Бетлихем Рекордс (Bethlehem Records). Симон изгубила повеќе од $1 милион за авторски права (посебно за албумот “My Baby Just Cares for Me, издаден 1980) и никогаш немала финансиска корист од продажбата на албумот бидејќи морала целосно да ги продаде правата за $3,000.
Стекнување на популарност (1959–1964) По успехот со “Little Girl Blue”, Симон потпишала договор со „Колпикс Рекордс“ (Colpix Records) и снимила многубројни студиски албуми и албуми во живо. „Колпикс“ целосно и ја препуштиле креативноста нејзе, вклучувајќи го и изборот на материјал што ќе се снимил, откако потпишела договор со нив. До тогаш Симон изведувала само поп-музика за да спечали пари да ги продолжи студиите по класична музика и била рамнодушна во врска со договорот за снимање. Овој став кон музичката индустрија го имала низ речиси целата нејзина кариера.
Во 1961 година Симон се омажила за полициски детектив од Њујорк, Ендру Страуд (Andrew Stroud), кој подоцна станал нејзин менаџер.
Борба за граѓански права (1964–1974)
Во 1964 Симон го променила американскиот дистрибутер за снимање „Колпикс“ со холандскиот „Филипс“ (Philips), што исто така значело промена на содржината на нејзините снимања. Симон секогаш вклучувала песни во репертоарот кои се потпирале на нејзиното афроамерикански потекло ( како што се “Brown Baby” и “Zungo” од албумот “Nina at the Village Gate” од 1964 година. Но, Симон за првпат отворено ја истакнала расната нееднаквост која била застапена во САД во нејзиниот деби-албум за Филипс, “Nina Simone in Concert” (снимање во живо, 1964 година), поточно во песната “Mississippi Goddam”, која била одговор на убиството на Медгар Еверс (Medgar Evers) и бомбардирањето на црквата во Бирмингам, Алабама, кое убило четири деца од црната раса. Песната била издадена како сингл и била бојкотирана во одредени јужни држави. Во песната “Old Jim Crow” од истиот албум, реагирала на законите на Џим Кроу (Jim Crow).
Од тогаш па натаму, пораката за граѓанските права била стандард во репертоарот за снимање на Симон, а станал и дел од нејзините изведби во живо. Симон настапувала и зборувала на многу состаноци за граѓански прева, како што е на маршот од Селма до Монтгамри. Симон во периодот на граѓанските права поддржувала насилна револуција, за разлика од ненасилниот пристап на Мартин Лутер Кинг (Martin Luther King). Таа се надевала дека преку вооружена борба Афроамериканците можат да формираат одвоена држава. И покрај тоа, во својата автобиографија напишала дека таа, заедно со нејзината фамилија ги сметале сите раси за еднакви.
Направила обработка на песната на Били Холидеј, “Strange Fruit” песна за линчувањето на луѓето со црна кожа на Југот, која се наоѓа на албумот “Pastel Blues” од 1965година. Исто така ја испеала и поемата на Вилијам Воринг Кунеј (William Waring Cuney), “Images”,која се наоѓа на албумот “Let It All Out” од 1966 година и во која се пее за отсуството на гордост кај афроамериканските жени. Симон ја напишала “Four Women”, песна за четири стеротипа на афроамерикански жени и песна која се наоѓа на албумот “Wild Is The Wind” од 1966 година.
Во 1967година Симон се префрла од „Филипс“ на продуцентската куќа „РЦА Виктор“ (RCA Victor). Во првиот албум од РЦА, “Nina Simone Sings the Blues” (1967) ја испела песната “Backlash Blues”, која ја напишал нејзиниот пријател Лангстон Хјус (Langston Hughes). Во албумот “Silk & Soul” ја снимила песната на Били Тејлор (Billy Taylor), “I Wish I Knew How It Would Feel to Be Free” и “Turning Point”. Албумот “Nuff Said” (1968) содржи снимки во живо од музичкиот фестивал „Вестбури“ (Westbury Music Fair), 7 април 1968, три дена по убиството на Мартин Лутер Кинг Џуниор. Таа целата нејзина изведба ја посветила на него и ја испеала “Why? (The King Of Love Is Dead)”, песна која ја напишал нејзиниот свирач на бас, Џин Тејлор (Gene Taylor), веднаш откако ја слушнале веста за смртта на Кинг. Летото во 1969 настапила на фестивалот за култура „Харлем“ (Harlem Cultural Festival) во паркот „Маунт Морис“ (Mount Morris Park) во Харлем.
Заедно со Велдон Ирвин (Weldon Irvine), незавршената драма “To Be Young, Gifted and Black” на починатата Лорејн Хансбери (Lorraine Hansberry) ја претвориле во песна за граѓанските права. Хансбери била лична пријателка, на која Симон и ја дава заслугата за развивањето на нејзината социјална и политичка свест. Оваа песна, која се наоѓа на албумот “Black Gold” од 1970 година, ја извела во живо. Студиското снимање било издадено како сингл , а изведби на оваа песна направиле и Арета Френклин (Aretha Franklin) (во нејзиниот албум “Young, Gifted and Black”) и Дони Хетавеј (Donny Hathaway).
Подоцнежен живот (1974–2003)
Во септември 1970 година, Симон заминала од САД, отишла во Барбадос и очекувала Страуд да стапи во контакт со неа кога повторно ќе треба да настапи. Но, неочекуваното исчезнување на Симон и фактот што го оставила вереничкиот прстен, Страуд го протолкувал како желба за развод. Како нејзин менаџер, Страуд бил задолжен за нејзината заработка.
Кога Симон се вратила во САД дознала дека бил издаден налог за нејзино затворање поради неплатени даноци (како протест против вклученоста на нејзината државата во Виетнамската војна), поради што повторно се вратила во Барбадос за да ги избегне властите и судското гонење. Симон подолго време останала во Барбадос и имала долга афера со премиерот Ерол Бероу (Errol Barrow). Блиска пријателка, пејачката Мириам Макеба (Miriam Makeba), ја убедила да отиде во Либерија. Пред да се пресели во Франција во 1992 година, живеела во Швајцарија и Холандија.