Францускиот образовен систем е високо централизиран и организиран. Тој е поделен во три фази:
основно образование (enseignement primaire); средно образование (enseignement secondaire); високо образование (enseignement supérieur). Следните степени се признати од страна на Болоњскиот процес(признати од ЕУ): Licence and Licence Professionnelle (дипломски студии) Master (магистратура) Doctorat (докторат)
Историја
Додека Французите развојот на нивниот образовниот систем го поврзуваат со Наполеон, модерната ера на француското образование започнува на крајот на XIX век. Жил Фери , адвокат кој ја извршувал функцијата на министер за Јавна Настава во 1880-тите години, е заслужен за создавање на модерното училиште (L'École républicaine) кој побарал сите деца , и женски и машки, на возраст помеѓу 6 и 12 години да одат на училиште . Фери, исто така,ја направил јавната настава задолжителна, бесплатна , и секуларна (laïque). Со овие закони, познати како закони на Жил Фери , како и неколку други, Третата република ги укина повеќето од Фалукс законите од 1850-1851година, кои му даваа важна улога на свештенството.
Управување Сите образовни програми во Франција се регулирани од страна на Министерството за Национално Образование (официјално наречено Ministère de l'Éducation nationale, de la Jeunesse et de la Vie associative).Шефот на министерството е Министерот за Национално Образование , еден од највисоките официјални претставници во кабинетот. Од мај 2013 година, министер е Венсен Пејон.
Наставниците во јавните основни и средни училишта се државни службеници , со што Министерството e најголемиот работодавец во земјата. Професорите и истражувачите на универзитетите во Франција исто така се вработени од страна на државата.
Zone Académies/Cites A Caen, Clermont-Ferrand, Grenoble, Lyon, Montpellier, Nancy-Metz, Nantes, Rennes, Toulouse B Aix-Marseille, Amiens, Besançon, Dijon, Lille, Limoges, Nice, Orléans-Tours, Poitiers, Reims, Rouen, Strasbourg C Bordeaux, Créteil, Paris, Versailles
Во основното и во средното образование, наставната програма е иста за сите француски ученици во било кое одделение, вклучувајќи ги јавните, полујавните и субвенционирани институции. Сепак, постојат специјализирани отсеци и разни опции кои студентите можат да ги изберат.Референца за сите француски просветители е Bulletin officiel de l'éducation nationale, de l'enseignement supérieur et de la recherche (BO) кој ги прикажува сите тековни програми и наставните директиви. Тој се менува секоја година неколкупати. На територијата на Франција учебната година е од почетокот на септември до почетокот на јули. Училишниот календар е стандардизиран во целата земја, и е единствен домен на министерството. Во мај на училишта им е потребно време за да ги организираат испитите (на пример, Baccalauréat).Во прекуокеански департмани и територии на Франција , училишниот календар е поставен од страна на локалниот recteur (ректор). Главни распусти за време на празниците се :
Сите Светци(la Toussaint) две недели (од 2012) околу крајот на октомври и почетокот на ноември; Божиќ (Noël), две недели околу Божиќ и Нова Година ; зима (hiver), две недели почнувајќи од средината на февруари; пролет (printemps) или Велигден (Pâques), две недели почнувајќи од средината на април; лето (été), два месеци почнувајќи од почетокот на јули.
Основно образование
école maternelle (градинка) Age Grade Abbreviation 3 -> 4 Petite section PS 4 -> 5 Moyenne section MS 5 -> 6 Grande section GS école primaire (Основно училиште) 6 -> 7 Cours préparatoire CP / 11ème 7 -> 8 Cours élémentaire première année CE1 / 10ème 8 -> 9 Cours élémentaire deuxième année CE2 / 9ème 9 -> 10 Cours moyen première année CM1 / 8ème 10 -> 11 Cours moyen deuxième année CM2 / 7ème Collège (Основно училиште) Age Grade Abbreviation 11 -> 12 Sixième 6e 12 -> 13 Cinquième 5e 13 -> 14 Quatrième 4e 14 -> 15 Troisième 3e Lycée (Средно училиште) Age Grade Abbreviation 15 -> 16 Seconde 2de 16 -> 17 Première 1ere 17 -> 18 Terminale Term or Tle
Школувањето во Франција е задолжително од 6 годишна возраст, прва година од основното училиште. Сепак, многу родители ги праќаат нивните деца порано, на околу 3 годишна возраст во градинка (maternelle) која обично е во близина на основното училиште. Некои дури започнуваат порано ,на возраст од 2години во pré-maternelle или très petite section , кои се центри за дневен престој. Последната година од maternelle, grande section е важен чекор во образовниот процес бидејќи тогаш учениците се запознаваат со читањето .
По градинка, младите ученици започнуваат да одат во основно училиште . Во првата година (Cours préparatoire) тие учат да пишуваат и ги развиваат своите вештини за читање. Многу слично како во другите образовни системи, француски основци обично имаат еден учител/ка (или можеби два) кој ја предава комплетната програма, како што се француски , математика , наука и хумнитарни науки . Имајте на ум дека францускиот збор за работно место учител/ка на ниво на основно училиште е maître или во женската форма maîtresse (претходно наречен instituteur, или во женската форма institutrice).
Средно образование
French secondary education is divided into two schools: collège за првите четири години веднаш по основното училиште; lycée за следните три години. Завршувањето на средното студии води кон baccalauréat(матура) .
Brevet des collèges
Brevet des collèges (или brevet) е првата официјална диплома која ученикот треба да ја добие.Таа не е потребна за да влезат во (гимназија)Lycée. До 2006 година училишните оцени за седмо (4ème) и осмо одделение (3ème) беа земени предвид за дел од оцената. Остатокот од оцената се состои од завршниот испит, Brevet. Учениците беа тестирани само пофранцуски , математика , историја / Географија / Ѓраѓанско на тестот. Почнувајќи од 2007 година, само оцените од последната година (3ème) беа земени предвид .Од 2011 година, учениците усно се тестират за историја на уметност .
Baccalauréat
Baccalauréat (матура ,исто така позната како BAC) е диплома на крајот на Lycée(гимназија) која студентите треба да ја добијат за да влезат на универзитет,на часовите за подготовки или во професионалениот живот. Таа обично се зема на возраст од 18 години, доколку ученикот не повторувал година за време на средното училиште. Терминот baccalauréat се однесува и на дипломата и на самите испити. Таа може да се спореди со англиското ,северно ирското, и велшкото А-ниво (A-Levels) , со Irish Leaving Certificate , со шкотското (Higher and Advanced Higher), нов јужен велс Higher School Certificate и со германскиот Abitur .
Многу од студентите се одлучуваат за теориски-ориентирана baccalauréat général (општа матура)која е поделена на три насоки на студии, наречени séries. Série scientifique(S) се занимава со природните науки , физичките науки и математика, série économique et sociale (ES) со економијата , општествените науки , историја-географија и математика, а série littéraire (L) се фокусира на францускиот , странски јазици , филозофија и уметностите (како опција).
Сепак, овие séries не се вистински специјализации и секој кој има BAC има право да се запише на било кој јавен универзитет во сливното подрачје, ако тоа се однесува на предметот за кој тие сакаат да аплицираат. Студентите кои ја следеле серијата L немаат доволно научни познавања од средното образование за да успеат во областа на универзитетски часови по природни науки , затоа некои комбинации на “baccalauréats” и универзитетски часови се многу ретки. Исто така, студентите кои следеле S серија немаат доволно книжевно познавање за да успеат на универзитетските часови за јазик и литература. Исто така постојат и baccalauréat technologique и baccalauréat professionnel. Првата е мешавина од теоретска и стручна обука и ги подготвува студентите за повисоки професионални студии, втората пак, се фокусира на стручната обука и ги подготвува студентите за директен влез на пазарот. Денес, повеќето ученици ја одбираат втората опција, бидејќи таа не значи задолжително долги студии и малку ученици кои го одбираат овој вид на "baccalauréat" се запишуваат на универзитет. Затоа за "baccalauréat général " се вели дека е попрестижна, а нејзините ученици се образуваат за да бидат елитата во иднина .
Високо образование
Високото образование во Франција е организирано на три нивоа или степени кои одговараат на оние на другите европски земји, при што се олеснува меѓународната подвижност: Licence and Licence Professionnelle (Дипломски студии) Master (Магистратура) Doctorat (Докторат)
Покрај тоа, дипломските студии и магистратурата се организирани во семестри: 6 за дипломски студии и 4 за магистратура. Овие нивоа на студии вклучуваат разни "parcours" или насоки врз основа на UE (Unités d’Enseignement or Modules), секоја во вредност од одреден број на европски кредити (ЕКТС). Студентот ги собира овие кредити кои се обично преносливи меѓу насоките. Дипломата (Licence )се доделува кога ќе се постигнат 180 ЕКТС. Магистратура се доделува откако ќе се постигнат 120 дополнителни кредити.
Дипломските студии и магистратурата се нудат во рамките на одредени DOMAINES(области) и носат одредени MENTION(називи). SPECIALITES кои се или истражувачки-ориентирани или професионално-ориентирани во текот на втората година на магистратурата. Постојат, исто така, професионални дипломи чија цел е итна работа интеграција. Можно е враќање на училиште подоцна преку продолжување на образованието или за да се провери професионално искуство (преку Vae, Validation des Acquis de l’Expérience).
Високото образование во Франција е поделено помеѓу Grandes Écoles и јавните универзитети. Grandes Écoles признааваат дипломирани студенти на ниво (матура)Baccalauréat + 2 години на потврдени студии (или понекогаш непосредно по Baccalauréat ), додека универзитетите ги признааваат сите што имаат дипломирано Baccalauréat .
Одлика на француското високо образование, во споредба со другите земји, е малиот број и разновидноста на институциите, секоја специјализирана за повеќе или помалку широк спектар на области. Средни француски градови по големина , како што се Гренобл или Ненси , може да имаат 2 или 3 универзитети (фокусирани на природните науки или социолошките студии), и исто така голем број на високо образовни установи за инженерство и за други специјализации. Во Париз и неговите предградија постојат 13 универзитети, од кои ниту еден не е специјализиран во една или друга област, и голем број на помали институции кои се високо специјализирани. Не е невообичаено за постдипломски наставни програми ( за магистратура, докторат) да се одвиваат заедно од страна на неколку институции, дозволувајќи им на институциите да презентираат поголема разновидност на предмети.
Во инженерските училишта и професионалните степени од универзитетите, голем дел од наставниот кадар е често составен од нередовни професори, наместо тоа, професори со скратено работно време се најмени да им предаваат на студентите само еден одреден предмет. Овие професори со скратено работно време обично се најмени од соседните универзитети, истражувачки институти, или индустрии.
Друга оригинална одлика на францускиот систем за високо образование е тоа што голем дел од научните истражувања се извршени од страна на истражувачки установи , како што се CNRS или INSERM , кои не се формално дел од универзитетите. Сепак, во повеќето случаи, истражувачките единици на тие установи се наоѓаат во универзитетите (или во други установи за високо образовние), и се заеднички управувани од страна на истражувачките установи и на универзитетот.
Трошоци за школување