Поделба на Косово е сугерирана како конечно решение за Косовскиот проблем меѓу СР Југославија и Република Косово. Можната поделба ќе биде поделба на Косово на етнички линии, одделувајќи го српски населеното Северно Косово и некои енклави на југ, од остатокот на албански населеното Косово. Поделбата е предложена неколкупати дури и пред Косовската независност од 2008, иако прашањето било повторно актуелно во текот на кризата во Северно Косово.

Историја На 30 април 1999, на јавен говор, Маргарет Тачер изјавила дека се противи за да се подели Косово.MEMORANDUM TO: OPINION LEADERS - April 30, 1999 , на мрежното место на Project for the New American Century

Исцртување на линијата Поделбата на Косово значи поделба на Косово јужно од реката Ибар. Северно од реката претежно е со српско мнозинство, додека јужниот дел од реката е претежно албански.BBC, Could Balkan break-up continue?, 22.02.08 Исто така има неколку Косовско Српски енклави јужно од Ибар, кои се предложени да бидат вклучени во можната поделба на Косово. Северно Косово е контролирано од Собранието на Заедницата на општините на автономната покраина Косово и Метохија, регионална влада лојална на Белград; Додека останатиот дел од Косово е под контрола на Владата на Република Косово.

Наводи

Категорија:Политика на Србија Категорија:Политика на Косово Категорија:Северно Косово Косово